Македонија
Османи: Велика Британија е еден од најважните партнери на Македонија

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, оствари средба со новоименуваната амбасадорка на Велика Британија во Република Македонија, Рејчел Галовеј.
На почетокот од средбата вицепремиерот Осамни изрази искрени очекувања за успешно продолжување и продлабочување на соработката.
„Го започнувате вашиот мандат во клучен момент за Република Македонија, период кога Советот на ЕУ донесе временска рамка за почеток на преговори во јуни, но и период кога земјата ги почнува преговорите за членство во НАТО“, истакна Османи, посочувајќи притоа дека како земја очекуваме да продолжи поддршката од страна на Велика Британија за овие интегративни процеси на Република Македонија. Османи посочи и на значењето што за земјава го има и билатерална помош од страна на Велика Британија, изразувајќи надеж дека истата ќе се интензивира согласно со резултатот од процесот брегзит, и согласно со интересот што Велика Британија го покажува за напредокот на земјите од Западниот Балкан.
„Билатералната соработката и поддршката од страна на Велика Британија имаат значајна улога во имплементација на реформите во различните области како што се администрацијата, образованието, во правосудниот систем, унапредување на демократијата, владеењето на правото, безбедносниот систем итн.“ – истакна Османи
Вицепремиерот Османи во текот на разговорот повтори дека Обединетото Кралство е еден од најважните партнери на Република Македонија и изрази благодарнот што и покрај сложените сопствени предизвици околу процесот брегзит, Велика Британија сепак останува силен поддржувач на политиката на проширување на ЕУ, која ја смета како гарант за стабилноста и безбедноста на Европа во целина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нов топлотен бран во наредните денови, се очекуваат температури до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на многу топла воздушна маса од југ во текот седмицата времето ќе биде сончево и многу топло со појава на локална облачност преку денот. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа се очекува да достигне и 40°C.
Македонија
Дел од Карпош без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач (шибер) од ф 200 мм на булеварот Партизански Одреди бб (до поликлиника Букурешт), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од булеварот Партизански Одреди, на потегот од поликлиника Букурешт до бензинска пумпа ОКТА, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.
Македонија
Без струја дел од општина Бутел

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот корисниците на улица кај керамика Имола под обиколницата во Визбегово (општина Бутел).