Контакт

Вести

Европа најмирен регион во светот, најтешко на Блискиот исток

Објавено пред

Европа и натаму е најмирниот регион во светот и некои европски земји уживаат во историјата на ниво на мирот и стабилноста, додека Блискиот исток тоне сé подлабоко во насилствата, покажува извештајот Глобален индекс на мирот во 2015-та (GPI).

dobivaj vesti na viber

Европа во последните четири години секога година е сé помирна. Трите најмирни земји во светот се Исланд, Данска и Австрија, се европски. Исто така, 15 европски земји се меѓу првите 20 најмирни земји во светот.

Глобалниот индекс на мирот го покажува степенот на мирот во 1162 земји во светот, врз основа на 23 индикатори, а го подготвува меѓународниот Институт за економија и мир. Така, Македонија, според овие критериуми, е рангирана на 72 во светот, а 35-то во Европа, зад сите земји од регионот, освен Турција, иако токму во петокот Државниот завод за статистика објави дека умрените лица од насилна смрт во Република Македонија во 2014 година изнесувал 493 умрени лица, што претставува намалување за 10,7 отсто во однос на претходната 2013 година?!

Притоа, за балканските земји се вели дека повторно како во 2014 година биле меѓи најголемите добитници, што се должело во прв ред на намалувањето на воените трошоци како процент од БДП-то, како и намалувањето на политичката нестабилност.

Се истакнува дека многу земји во Европа во 2014 година забележале помал број убиства и имале помали воени расходи, а во предвид се зема и повлекувањето на силите на НАТО од Авганистан во декември во 2014 година. Затоа Велика Британија се искачи за осум места на листата, благодарејќи на излегувањето од мисијата во Авганистан, во којашто беше ангажирана со голем контингент.

Големи подобрувања се забележани, според Институтот, во неколку земји во Европа. Грција е една од земјите во којашто ситуацијата најмногу се подобрила. Се искачи дури за 22 места, на 61-то, и тоа најмногу благодарејќи на намалувањето на бројот на „насилни кривични дела“ и „политичкиот терор“.

Мирот се подобрил и во Португалија којашто сега е на 11-то место во светото. Тоа му се припишува на намалувањето на индикаторот „политичка нестабилност“ по излегувањето на земјата од програмата за финансиска меѓународна помош. Како и во Шпанија, така и во Португалија се намалиле насилните протести во врска со непопуларните мерки за штедења.

Според споменатиот извештај мирот се подобрил и во Југоисточна Европа, каде биле намалени воените расходи и политичката нестабилност. Притоа најверојатно не се земени предвид кризата во Украина, и речиси секојдневните воени вежби во источна Европа, во Црното Море и на Балтик, како и зголеменото присуство на војски во регионот.

Воопштено, глобалните нивоа на мирот во 2014 година останале стабилни, а пониски се од 2008 година. Меѓутоа, тоа ги прикрива сé поголемите разлики и поделби меѓу најмногу и најмалку мирните нации, се истакнува во извештајот. Од претходната година, ситуацијата се подобрила во 81, а се влошила во 78 земји во светот.

За разлика од Европа, земјите коишто традиционално се на дното од листата, како Ирак, Сирија, Нигерија, Јужен Судан, Јемен и Централноафриканската Република, сé уште се во таа ситуација. Најлоша е состојбата во Сирија, а следат Ирак и Авганистан. Либија, каде што во 2011 година се водеше граѓанска војна и веќе три години функционираат паралелни власти, исламистички милиции и се јави џихадистичката организација Исламска држава, според извештајот, само во последната година доживеала најголемо влошување на ситуацијата, и паднала на 149-то место. Додека Украина, во која според ОН загинале 6.600 лица, а повеќе од милион од источните рускојазични региони се иселени е втората по ескалацијата на судирите, и е на 150-то место. Според овие критериуми на Институтот за економија и мир, од Украина полоша е ситуацијата во Русија, којашто е на 152-то место.

Интензитетот на вооружените судири драматично се зголемил, а бројот на луѓето кои загинале во судирите ширум светот се зголеми за повеќе од 3,5 пати, од 49.000 во 2010 година во 180.000 во 2014 година. Вкупниот број на загинатите во терористички напади во 2014-та се зголемил за 9 отсто, на 20.000 луѓе. Речиси 1 отсто од светската популација минатата година биле беглаци или раселени лица, што е најмногу од 1945 година, а оваа бројка ќе продолжува да се зголемува, предвидуваат во Институтот.

Влијанието на насилствата врз глобалната економија се проценува на 14,3 билиони американски долари, или 13,4 отсто од глобалниот бруто домашен производ (БДП), покажува извештајот./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 минута

Уапсен возачот кој денеска со камион усмрти велосипедист во Гостивар

Полицијата го уапси возачот кој денеска со товарно возило усмрти велосипедист во Гостивар. Според информациите на МВР, денеска (16.12.2025) околу...

Македонија2 часа

(Видео) СДСМ бара оставка од директорката на ГАК по смртта на новороденчето: „Има сомнежи за лекарска грешка“

СДСМ бара оставка од директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство по смртта на новороденчето. „Денеска со огорченост стоиме пред...

Македонија3 часа

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка

Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Тој кажа дека од почетокот тврдел дека евентуалната постапка за...

Македонија3 часа

ДЗР утврди неправилности во финансиското работење на АД „Државна лотарија“ и можни злоупотреби со паричните средства во готово

Со извршената ревизија во АД Државна лотарија за 2024 година, утврдени се сериозни неправилности кои се поврзани со нелогични и...

Топ3 часа

При претреси во Виница и Виничко пронајдени шест метални детектори, кутија со 43 златни и сребрени монети: петмина уапсени

Вчера полициски службеници од ОВР Виница поради основано сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или...

Македонија3 часа

(Видео) Манасиевски: Никој не сака да биде во тимот на Заев и Филипче

„Никој не му се нафаќа на Филипче да му биде дел од тимот, затоа што со Зоран Заев ја држат...

Македонија3 часа

(Видео) Антикорупцискиот тим на СДСМ ја претстави новата платформа против корупција – МИЦКО: Пријавувајте!

„Антикорупцискиот тим на СДСМ, АКТ, ја претставува новата дигитална платформа за борба против корупцијата и криминалот. Македонски истражувачки центар за...

Свет5 часа

(Видео) Четворица херои се обидоа да ги спречат терористите во Сиднеј, само Ахмед преживеа

Црното знаме на Исламската држава, закачено на шофершајбната на сребрена „хонда“ паркирана покрај пешачкиот мост „Бонди бич“, беше злокобен вовед...

Европа5 часа

(Видео) Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „поблиску од кога било“ откако...

Свет7 часа

(Видео) Државата Вашингтон нареди итна евакуација во три предградија на Сиетл

Властите во американската држава Вашингтон издадоа наредба за итна евакуација за три јужни предградија на Сиетл во понеделник откако попушти...

Свет7 часа

(Видео) Трамп ја тужи Би-би-си: бара 5 милијарди долари отштета

Американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба од 5 милијарди долари против Би-Би-Си за манипулирање на неговиот говор на 6 јануари...

Свет7 часа

(Видео) Синот е одговорен за смртта на Роб Рајнер и неговата сопруга, соопшти полицијата во Лос Анџелес

Ник Рајнер е одговорен за смртта на неговите родители, Роб Рајнер и Мишел Сингер Рајнер, соопшти Полициската управа на Лос...

Свет8 часа

Австралискиот премиер: „Нападот беше мотивиран од ИСИС“; Сведоците опишуваат детали од ужасот

Новите изјави на австралискиот премиер Ентони Албанез, штотуку објавени од неговата канцеларија, произлегуваат од радио интервју за ABC Sydney. „Се...

Европа8 часа

Германија има план од 10 точки за Украина, објави „Ројтерс“

Германија ќе ја засили својата поддршка за одбраната на Украина преку план од 10 точки што вклучува заеднички инвестиции, понатамошна...

Македонија18 часа

Светна новогодишната елка! Отворен и Божиќниот маркет во Скопје

Во Скопје вечерва светна новогодишната елка и официјално беше отворен Божиќниот маркет, со што симболично беше означен почетокот на празничната...

Свет18 часа

Зеленски: Не е постигнат компромис за територијалното прашање за време на преговорите во Берлин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека позициите на САД и Украина за поделбата на териториите сè уште се разликуваат. Тој...

Свет21 час

Херојот Ахмед од Сиднеј би можел да ја загуби раката: „Сè би повторил“

Ахмед ал Ахмед, случаен минувач кој вчера херојски совлада и разоружа еден од напаѓачите на плажата Бонди, порача дека и...

Свет21 час

(Фото) Фудбалер на македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“ меѓу жртвите во нападот на плажата Бонди во Австралија

Меѓу убиените во вчерашниот терористички напад на плажата Бонди е и фудбалер на Рокдејл Илинден – клуб на македонската дијаспора...

Економија24 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија1 ден

(Видео) Мицевски: Поднесовме Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со пратеници од коалицијата ВРЕДИ и ЗНАМ, ја поднесовме „Резолуцијата за осуда на манипулациите на...