Контакт

Регион

Британија не го стави Косово на дневен ред на Советот за безбедност

Објавено пред

Велика Британија која претседава со Советот за безбедност на Обединетите нации, во август не го стави Косово на дневен ред на тоа тело. Амбасадорката на Британија во ОН, Карен Пирс изјавила дека и покрај тоа што прашањето за Косово останува важно, тоа не бара повеќе редовни седници. Шефот на српската делегација Ивица Дачиќ, изјави дека тој чекор на Лондон е насочен против интересите на Србија.

dobivaj vesti na viber

Во програмата на работата објавена на сајтот на ОН го нема Косово. Советот за безбдност, со кој во август претседава Велика Британија, ја прескокна расправата за Косово, бидејќи на претходната седница, претставниците на Шведска, Британија, Франција, САД, Полска и Холандија навеле дека е време да се промени форматот на расправа за косовската криза во седиштето на ОН.

На тоа остро се противеа Русија, Кина и Србија. Српската премиерка Ана Брнабиќ рекла за РТС дека мора да се расправа за ситуацијата на Косово и Метохија како и до сега. Според неа намерата на Лондон е политички неискрена.

Дачиќ пак нагласи дека со овој потег, Британија се ставила на страната на Приштина.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Нови детали за падот на турскиот „Ер Трактор“ во Хрватска

Објавено пред

Вчера во близина на Сењ, Хрватска се урна турски противпожарен авион, при што загина пилотот. Контактот со авионот AT802, во сопственост на турската Генерална дирекција за шумарство (OGM), беше изгубен во четврток вечерта, а министерот Ибрахим Јумакли подоцна го потврди трагичниот исход.

dobivaj vesti na viber

Детали за летот и несреќата
Според соопштението на Министерството, објавено од турските медиуми, два противпожарни авиони AT802 полетаа од Чанаккале во среда, 12 ноември, за Загреб за закажано одржување. Поради лошите временски услови, тие беа принудени да ја поминат ноќта на аеродромот во Риека.

Летот за Загреб продолжи во четврток во 17:38 часот по турско време, но поради ново влошување на времето, тие одлучија да се вратат во Крк, каде што се наоѓа аеродромот Риека. По враќањето на аеродромот во Риека, тие влегоа во облаци на надморска височина од 1500 метри. Едниот авион успеа да помине низ нив и успешно слета, но радио-контактот со другиот беше изгубен во 18:25 часот.

Веднаш започна операција за пребарување и спасување во координација со хрватските власти, соопшти турското министерство.

Хрватската агенција за истражување на воздухопловни, поморски и железнички несреќи, исто така, ја пријави несреќата.

„На 13 ноември 2025 година, околу 16:53 часот по локално време, во близина на Криви Пут беше пријавен падот на авионот „Ер Трактор“ АТ 802, со ознаки OR 2025. Авионот летал по кружна рута од аеродромот Риека до Загреб и назад.

Агенцијата за истражување на воздухопловни, поморски и железнички несреќи беше известена за инцидентот веднаш по настанот од страна на OKC-MUP и, во согласност со одредбите од Регулативата (ЕУ) бр. 996/2010, започнува безбедносна истрага“, се вели во соопштението на Агенцијата.

Пронајдени остатоци, потврдена е смртта

Министерот за земјоделство и шумарство, Ибрахим Јумакли, објави дека спасувачките екипи ги пронашле остатоците од исчезнатиот авион. „Остатоци од противпожарниот авион на нашата Генерална дирекција за шумарство, со кој беше изгубен контактот, беа пронајдени во близина на градот Сењ во Хрватска. Изразувам сочувство до семејството и најблиските на нашиот пилот кој загина во оваа тешка несреќа. Нека почива во мир. Сочувство до нашата шумарска организација и до сите наши луѓе“, рече министерот Јумакли.

Откриен идентитетот на пилотот
Генералниот директор на Дирекцијата за шумарство, Бекир Карачабеј, го потврди идентитетот на загинатиот пилот.

„По полетувањето од аеродромот во Риека, радиоконтактот со авионот беше изгубен поради лоши временски услови. Остатоци беа пронајдени во близина на Сењ. Во операцијата за пребарување и спасување предводена од Хрватскиот центар за контрола на воздушниот сообраќај (ATC), беше утврдено дека нашиот пилот Хасан Бахар загинал. Му посакувам Божја милост на нашиот маченик и изразувам сочувство до неговото ожалостено семејство и нашата организација“, рече Карачабеј во објава на социјалните мрежи.

Пилотот веќе преживеал една несреќа
Според турските медиуми, пилотот Хасан Бахар веќе преживеал авионска несреќа на крајот на август оваа година.

На 29 август, тој учествувал во гаснење на пожар во населбата Јатаган во Мугла, кога неговиот противпожарен авион се урна. Бахар потоа била извлечена од остатоците како повредена, но го загубила животот во вчерашната несреќа во Хрватска.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Вучиќ по средбата со Макрон: Белград конечно добива метро

Објавено пред

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека со претседателот на Франција, Емануел Макрон, во Париз разговарал за сите стратешки прашања за соработка меѓу двете земји и најави дека наскоро ќе биде потпишан комерцијален договор со француската компанија „Алстом“ за изградба на првата линија на белградското метро.

dobivaj vesti na viber

Претседателите на двете земји се сретнаа во Елисејската палата. Припадници на француската гарда присуствуваа на свечениот прием пред палатата, а Макрон приреди и работна вечера за Вучиќ.

Во своето обраќање до медиумите, Вучиќ нагласи дека ова е исклучително важна и суштинска средба со Макрон и дека разговарале за сите важни геополитички, регионални и билатерални прашања, како и за европскиот пат на Србија.

„До 15 декември конечно ќе потпишеме комерцијален договор за изградба на првата линија на метрото со француската компанија „Алстом“, значи следниот месец. Ја завршуваме таа работа или влегуваме во последната фаза, така што за две и пол години ќе ја имаме првата линија на метрото – две и пол, три, не е важно – но Белград конечно добива метро“, рече Вучиќ.

Вучиќ изјави дека е многу задоволен што имал можност да разговара три часа со претседателот на Франција, кого го смета за еден од клучните светски лидери. Тој изјави дека разговарале за стратешки важни прашања и планови за следниот период.

„Ќе ми треба малку време детално да анализирам сè и да ги разгледам забелешките. Секако, една од главните теми беше европскиот пат на Србија. Убеден сум дека во следната година можеме да постигнеме значителен напредок. Многу зависи од нас, но очекувам и поволен став од ЕУ што би ѝ овозможил на Србија да напредува. Исто така, се осврнавме на сите билатерални прашања“, рече Вучиќ.

Тој нагласи дека трговијата меѓу Србија и Франција за прв пат оваа година ќе надмине две милијарди евра.

„Разговаравме за различни области, заеднички инвестиции, француски инвестиции во Србија, како и соработка во областа на вештачката интелигенција“, додаде тој.

Вучиќ изјави дека го информирал Макрон за моменталната состојба во врска со НИС и изјави дека српската делегација ќе има средби со Американците по тој повод во петок.

„Имаме состанок со Американците, се надевам дека тогаш ќе се знае нешто повеќе и дека ќе можеме да го решиме тоа“, рече Вучиќ.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Регион

(Фото) Турски пилот загина во Хрватска: тој преживеа пад на авион пред 2,5 месеци

Објавено пред

Авионот „Ер Трактор АТ-802“ се урна во близина на Сењ, додека беше на повратен лет помеѓу Риека и Загреб, соопшти Дирекцијата за цивилна заштита.

dobivaj vesti na viber

45-годишниот пилот, Хасан Бахар, почина. Тој е истиот пилот кој го преживеа падот на противпожарниот авион во округот Јатаган во Мугла, северозападна Турција, на 29 август оваа година.

Пријавата за исчезнување на авионот од радарот од Хрватската контрола на воздушната пловидба била регистрирана во 16:53 часот, а во 17:11 часот била примена пријава за падот и пожарот.

Спасувачите многу брзо пристигнале на местото на падот. Пожарот бил локализиран околу 18:00 часот, а пожарникарите го забележале јагленисаното тело на пилотот.

Објавен идентитетот на загинатиот пилот
Турските медиуми објавија дека 45-годишниот пилот Хасан Бахар загинал во падот на авионот „Ер Трактор АТ-802“ во близина на Сењ.

Бахар го преживеа падот на противпожарниот авион во округот Јатаган во Мугла, северозападна Турција, на 29 август. Тој се здобил со повреди и бил однесен во болница, каде што го посетил гувернерот на Мугла, Идрис Акбијик.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија19 минути

„Минималната плата оди на 26.400 денари, започнува новата економска ера“, велат од „Влен“

„По плебисцитната победа на локалните избори, каде што граѓаните албанци во секоја општина јасно ја искажаа својата доверба во ВЛЕН,...

Македонија25 минути

(Фото) Тревникот до „Капитол мол“ се ослободува, им се враќа на граѓаните со ново игралиште, велат од општина Аеродром

Општина Аеродром информира дека тревната површина до ТЦ „Капитол мол“ повторно ќе биде целосно отворена и вратена на користење на...

Македонија58 минути

„Скандалот со ИПАРД води до врвот на власта на Мицкоски“: СДСМ бара проширување на истрагата

„Корупцискиот скандал со ИПАРД фондовите не е изолиран случај, туку доказ за длабоко вкоренет, организиран систем на злоупотреби создаден и...

Македонија1 час

„Поранешни соработници му го свртија грбот на Филипче поради недоверба во него и влијанието на Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Расте незадоволството во СДС и потребата од итни реформи во врвот на СДС. СДС е во длабока криза која е...

Регион2 часа

(Фото) Турски пилот загина во Хрватска: тој преживеа пад на авион пред 2,5 месеци

Авионот „Ер Трактор АТ-802“ се урна во близина на Сењ, додека беше на повратен лет помеѓу Риека и Загреб, соопшти...

Свет2 часа

Поранешен шеф на МИ6: Путин не е подготвен за договор со Украина

Поранешниот шеф на британската разузнавачка служба МИ6, Ричард Мур, изјави дека проценките на разузнавањето покажуваат дека рускиот претседател Владимир Путин...

Европа3 часа

(Фото) Русија го нападна Киев со стотици дронови и ракети: десетици повредени

Русија изврши масовен воздушен напад врз Киев во ноќта помеѓу 13 и 14 ноември, користејќи стотици беспилотни летала и повеќекратни...

Европа3 часа

(Видео) Гори руски нафтен терминал на Црното Море: Украинците го нападнаа со дронови

Украински дронови го нападнаа рускиот пристанишен град Новоросијск во Краснодарскиот крај преку ноќ, оштетувајќи нафтен терминал и предизвикувајќи голем пожар,...

Свет3 часа

Би-би-си му се извини на Трамп

Би-би-си му се извини на американскиот претседател Доналд Трамп за погрешно изменетата верзија на неговиот говор од 6 јануари 2021...

Свет4 часа

Американците погодија брод во Карибите: „Четири нарко-терористи убиени“

САД го извршија својот 20-ти напад врз бродови за кои се верува дека се користат за трговија со дрога, објави...

Свет4 часа

По одложување, екипажот на кинеското вселенско летало „Шенжоу-20“ се враќа на Земјата

Тројца кинески астронаути чие враќање на Земјата беше одложено поради вселенски отпад што го погоди нивниот вселенски брод минатата недела,...

Македонија19 часа

Ако правосудството работи по закон, и мојата плата ќе им ја донирам, рече Мицкоски кој засега не поддржува зголемување на примањата на судиите и обвинителите

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека моралот не му дозволува да се согласи со зголемување на платите во правосудниот сектор,...

Регион22 часа

Истрага за странските викенд-снајперисти во Сараево: „Носеа пушки што личеа како за лов, ги таргетираа децата“

Обвинителството во Милано повторно ја активира истрагата за т.н. викенд-снајперисти – странци кои за време на опсадата на Сараево биле...

Македонија23 часа

(Видео) Кузеска: Кумот на Мицкоски се споменува како можен главен задолжен за сите криминални шеми во Министерството за земјоделство

Денес ќе објавиме серија на информации кои отвораат сериозни сомнежи дека мега скандалот со корупцијата во ИПАРД фондовите води директно...

Македонија23 часа

Кривична за ексградоначалникот на Сарај, Блерим Беџети, и за уште седум лица поради злоупотреби со градежно земјиште

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до скопското Обвинителство против осум лица — поранешни функционери и службеници во Општина...

Свет23 часа

Фон дер Лајен: Путин греши ако мисли дека може да нè исцрпи, ЕУ одвојува 6 милијарди евра за Украина

ЕУ ќе ѝ додели 6 милијарди евра на Украина во рамките на заем од механизмот на Г7 за забрзување на...

Македонија1 ден

Докторот од Македонија, кој прегази куче во Софија, обвинет за сурово однесување кон животно

Окружното обвинителство на Софија го обвини докторот Ненад Цоневски за намерно сурово однесување кон животно, обвинение што спаѓа под кривична...

Македонија1 ден

„130 милиони евра блокирани, загрозени 3.000 бизниси и 10.000 вработувања“, Николовски бара оставка од Трипуновски

Пратеникот од СДСМ и поранешен министер за земјоделство, Љупчо Николовски, реагираше на интервјуто на министерот Цветан Трипуновски кој иако призна...

Свет1 ден

Излегоа пораките меѓу Ендру и Епштајн: „Не можам повеќе да го поднесам ова“

Поранешниот принц Ендру Маунтбатен-Виндзор им рекол на Џефри Епштајн и Гислејн Максвел: „Не можам повеќе да го поднесам ова“ кога...

Свет1 ден

Мајка и ќерка во Австралија се преправале дека се видовити: измамиле луѓе за 46 милиони долари

Мајка и ќерка се уапсени во Австралија под сомнение дека се дел од една од најсофистицираните шеми за измама во...