Македонија
Денеска облачно и променливо, од викендов сончево и потопло време

Времето претпладне ќе биде променливо облачно и нестабилно, на места со пороен дожд и грмежи, особено во западните и јужните делови. Кон крајот на денот врнежите ќе престануваат и времето постепено ќе се стабилизира. Минималната температура ќе се движи од 15 до 22 степени, а највисоката дневна температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 26 до 33 степени.
Во Скопје претпладне со краткотраен локален дожд и појава на грмежи. Попладне ќе настапи стабилизирање на времето. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Температурите ќе се движат од 19 до 30 степени.
Од сабота се очекува стабилизирање на временската состојба со постепен пораст на дневната температура.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.