Спорт
ЛЕ: Аталанта броеше до осум на „Кошево“, Нидеркорн специјалист за ЛЕ! (видео)
Фановите на Сараево очекуваа вистински фудбалски празник на „Асим Ферхатовиќ-Хасе“ пречекувајќи го италијанскиот прволигаш Аталанта по солидните 2:2 во Реџо Емилија, но им се случи вистинска катастрофа, губејќи со 8:0 во реваншот од второто квалификаци…

Фановите на Сараево очекуваа вистински фудбалски празник на „Асим Ферхатовиќ-Хасе“ пречекувајќи го италијанскиот прволигаш Аталанта по солидните 2:2 во Реџо Емилија, но им се случи вистинска катастрофа, губејќи со 8:0 во реваншот од второто квалификациско коло во Лига Европа.
„Бордо“ момците беа разбиени во првите половина час – уште во петтата минута примија гол преку Паломино, по што Папу Гомез зголеми на 2:0 во 15. минута, Масиело на 3:0 само три минути подоцна. Капитенот Гомез уште еднаш погоди во 28. минута за да ја најави катастрофата. Мерсудин Ахметовиќ си постигна автогол за катастрофални 0:5 по 45 минути игра. Во второто полувреме, свое шоу имаше Муса Бероу, кој постигна хет-трик за највисок пораз во историјата на еден клуб од БиХ во натпреварите во Европа.
Прогрес Нидеркорн, клубот кој минатата сезона по лошо го паметеше Глазгов Ренџерс по елиминацијата во ЛЕ, пак, повторно успеа да земе „скалп“ на посилен и пореномиран клуб. Клубот од Луксембург го победи унгарскиот Хонвед со 2:0 за да ја надополни негативата од 0:1 од првиот меч за да го чека противникот од подобриот од дуелот меѓу рускиот Уфа и словенечкиот Домжале.
ЛИГА НА ЕВРОПА, 2.КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО
Хакен (Шве) – РБ Лајпциг (Гер) 1:1, прв натпревар 0:4, вкупно 1:5
Лилестром (Нор) – ЛАСК Линц (Авт) 1:2, прв натпревар 0:4, вкупно 1:6
Адмира (Авт) – ЦСКА Софија (Буг) 1:3, прв натпревар 0:3, вкупно 1:6
АИК Стокхолм (Шве) – Нордсјеланд (Дан) 0:1, прв натпревар 0:1, вкупно 0:2
Аполон (Кип) – Железничар (БиХ) 3:1, прв натпревар 2:1, вкупно 5:2
Линколн (Гиб) – ТНС (Вел) 1:1, прв натпревар 1:2, вкупно 2:3
Мариупол (Укр) – Ѓургарден (Шве) 2:1 по продолженија, прв натпревар 1:1, вкупно 3:2
Нидеркорн (Лук) – Хонвед (Унг) 2:0, прв натпревар 0:1, вкупно 2:1
Спарта Прага (Чеш) – Спартак Суботица (Срб) 2:1, прв натпревар 0:2, вкупно 2:3
Вадуц (Лих) – Жалгирис (Лит) 1:1, прв натпревар 0:1, вкупно 1:2
Атромитос (Грц) – Брест (Блр) 1:1, прв натпревар 3:4, вкупно 4:5
Слован Братислава (Свк) – Балзан (Мал) 3:1, прв натпревар 1:2, вкупно 4:3
Астерас Т. (Грц) – Хибернијан (Шко) 1:1, прв натпревар 2:3, вкупно 3:4
Бешикташ (Тур) – Б36 Торсхавн (Фар) 6:0, прв натпревар 2:0, вкупно 8:0
Копенхаген (Дан) – Стјарнанд (Исл) 5:0, прв натпревар 2:0, вкупно 7:0
Викингур (Фар) – Торпедо Кутаиси (Гру) 0:4, прв натпревар 0:3, вкупно 0:7
Витесе (Хол) – Виторул (Ром) 3:1, прв натпревар 2:2, вкупно 5:3
Марибор (Сло) – Чикура (Гру) 2:0, прв натпревар 0:0, вкупно 2:0
Сараево (БиХ) – Аталанта (Ита) 0:8, прв натпревар 2:2, вкупно 2:10
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Фиорентина во 16-то коло ја запиша првата победа
Звучи неверојатно, но славниот клуб од Фиренца токму овој викенд ја забележа својата прва победа во италијанското првенство.
Во претпоследниот натпревар од 16-то коло од Серија А, Фиорентина го победи Удинезе со 5:1 (3:0).
Фиорентина имаше предност од три гола по првите 45 минути, а разликата меѓу двата клуба ја црвениот картон на гостинскиот голман Мадука Окоје, кој беше исклучен во осмата минута.
Фиорентина знаеше како да го искористи играчот плус на теренот и постигна три гола пред паузата. Стрелци беа Роландо Мандрагора, Алберт Гудмундсон и Шер Ндур.
Во второто полувреме, домашните постигнаа уште два гола, двата во режија на Моизие Кен, а почесниот гол за гостите, го постигна Умар Соле.
Интересно е што ова е прва победа за Фиорентина од последното коло од минатата сезона кога славеа против истиот ривал (3:2 во Удине).
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Ножичките на Ел Каби го отворија Африканскиот куп
Мароканската фудбалска репрезентација го отвори 35-от Африкански куп на нации со победа. Домаќинот на турнирот ја победи селекцијата на Коморските Острови со 2:0.
Натпреварот на стадионот „Принцот Мулај Абделах“ во Рабат, го обележа спектакуларниот гол на Ел Каби. Напаѓачот на Олимпијакос од Атина, пред година и пол најдобар стрелец на Конференцијата на Лигата на УЕФА, влезе во игра во 65-та минута, а само девет минути подоцна ја разубави и ја завери победата на својата селекција на отворањето на првенството со спектакуларни ножички.
Мароко претходно поведе во 55-та минута со голот на играчот на Реал Мадрид, Брахим Диаз, на асистенција на дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Мазрауи.
Рахими можеше да го доведе Мароко во водство во 11-та минута, но неговиот удар од пенал, го одбрани голманот Јаник Пандор.
Мароко беше шампион на Африка само еднаш, во 1976 година, и затоа овој пат како домаќин на турнирот, ќе биде под голем притисок да ја освои титулата и во исто време да го оправда. четврто место од последното Светско првенство во Катар 2022 година.
Во второто коло, во петок, 26 декември, Мароко ќе игра против Мали, додека Коморите ќе се соочат со Замбија истиот ден.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Барселона ја потопи „жолтата подморница“
Фудбалерите на Барселона лесно го победија Виљареал во 17-то коло од Примера (2:0), со што ја забележаа својата осма последователна победа во шпанската елита.
Избраниците на Ханси Флик, во Виљареал, го отворија резултаот во 12-та минута, кога Рафиња погоди од пенал.
Потоа следуваше шоуто на Ламин Јамал. Прво, Ренато Веига доби директен црвен картон во 39-та минута за наивен старт врз суперталентираниот 18-годишник, а пота Јамал во 63-та минута го постави конечниот резултат.
Јамал го постигна својот седми гол во 14-от лигашки натпревар, има и седум асистенции.
Од неуспехот во Ел Класико, Каталонците имаат само победи, со импресивна гол-разлика од 26:8. Во следниот натпревар, тие ќе гостуваат кај нивниот голем ривал Еспањол.
Барселона е на чело на табелата со 46 бода, четири повеќе од Реал Мадрид, Венаш зад водечката двојка е Атлетико, додека „жолтата подморница“ го зазема четвртото место.
Foto/ depositphotos

