Свет
Мнангагва нов претседател на Зимбабве, опозицијата не ги признава резултатите

Eмерсон Мнангагва, поранешната десна рака на Роберт Мугабе, е избран за претседател на Зимбабве во првиот круг, но денес опозицијата ја отфрли победата, со што се навестуваат нови тензии во земјата, кои веќе резултираа со шест загинати во судирите со безбедносните сили.
Мнангагва владее со Зимбабве по падот на Роберт Мугабе во ноември минатата година, откако тој на власт мина 37 години. Актуелниот претседател освоил 50,8 отсто од гласовите, додека за опозицискиот кандидат Нелсон Чамиса гласале 44,3 проценти од избирачите, објавија од избирачкиот комитет.
Седумдесет и петгодишниот Мнангагва го поздрави новиот почеток и повика на единство во градење на ново Зимбабве за сите.
Опозицијата, пак, најави дека ќе се жали кај судските органи.
„Резултатите се лажни, ќе се жалиме за целокупниот процес“, изјави пред судот Морган Комичи, портпаролот на Движењето за демократски промени на Нелсон Чамиса.
Чамиса напиша на „Твитер“: „Верував дека волјата ќе преовладува над моќта и силата“.
Партијата на Мнангагва, ЗАНУ-ПФ, победи на парламентарните избори што се одржаа во понеделникот, истовремено со претседателските избори, по што избија протести на опозицијата и нејзините поддржувачи кои ја обвинуваат владата за местење на резултатите од изборите. Бидејќи комитетот го одложи објавувањето на резултатите од претседателските избори, опозицијата ваквиот гест го протолкува како обид да се наместат резултатите.
Од стекнувањето на независноста во 1980 година, во Зимбабве имало само два претседатела, и двајцата од партијата ЗАНУ-ПФ: Роберт Мугабе, кој ја водеше земјата цели 37 години, и Eмерсон Мнангагва познат како „крокодил“, која дојде на власт по воениот удар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Мелони планира да присуствува на средбата меѓу Трамп и Зеленски во Вашингтон

Италијанската премиерка Џорџа Мелони го најавува своето учество на средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот лидер Володимир Зеленски, закажана за 18 август во Вашингтон.
Според италијанските медиуми, нејзината намера е да ја покаже сопствената улога во решавањето на украинската криза, која, според нив, се разликува од пристапот на другите европски лидери.
Во исто време, владите на Германија, Франција и Велика Британија треба да одлучат еден ден порано, на 17 август, дали нивните лидери – канцеларот Фридрих Мерц, претседателот Емануел Макрон и премиерот Кир Стармер – ќе патуваат во Соединетите Држави на истата средба. Според достапните информации, западните сојузници се обидуваат да настапат на координиран начин и да избегнат впечаток за паралелни или демонстративни состаноци, но сè уште не добиле официјална покана за Вашингтон.
Од друга страна, украинскиот пратеник Артем Дмитрук изрази сомнежи во намерите на Зеленски, тврдејќи дека тој ќе ги искористи сите можни политички потези за да ја задржи власта, и додаде дека претседателот повеќе не ја претставува волјата на мнозинството Украинци во процесот на барање мир.
Некои медиуми претходно објавија дека е најавен трилатерален состанок, на кој, покрај Трамп и Зеленски, ќе учествува и рускиот претседател Владимир Путин.
Свет
(Видео) Силен земјотрес ја погоди Индонезија, десетици повредени

Десетици луѓе беа повредени во земјотрес со магнитуда од 6,0 степени што го погоди централниот Сулавеси во Индонезија рано утрово.
Земјотресот, на длабочина од 10 километри, го погоди регионот Посо и беше почувствуван во блиските области. Дваесет и девет лица беа повредени, од кои две критично, според соопштението за медиумите.
Sismo magnitud 6.0 en Indonesia deja daños en una iglesia, personas quedaron atrapadas bajo los escombros, esto sucedió 17 de agosto por la mañana#earthquake #terremoto #ULTIMAHORA #URGENTEpic.twitter.com/KdV1GgdbJj
— KL Videos (@KL_Videos) August 17, 2025
Засега нема извештаи за смртни случаи.
A 5.8 magnitude earthquake struck 14 km north of Poso Regency, Central Sulawesi province, Indonesia, on August 17, 2025, at 6:38 AM local time.
— DisasterAlert (@DisasterAlert2) August 17, 2025
Индонезија се наоѓа на таканаречениот „Тихоокеански огнен прстен“, високо сеизмички активна зона, каде што се среќаваат различни плочи на Земјината кора и создаваат голем број земјотреси.
Свет
Зеленски: Русија ја комплицира ситуацијата одбивајќи мир

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го осуди одбивањето на Русија да спроведе прекин на огнот, велејќи дека тоа „ја комплицира ситуацијата“ во постигнувањето на мировниот план што го бараше Доналд Трамп по неговата средба со Владимир Путин, пренесува АФП.
„Гледаме дека Русија ги отфрла бројните повици за прекин на огнот и сè уште не утврдила кога ќе престане да убива. Ова ја комплицира ситуацијата. Ако не е подготвена да спроведе едноставна наредба за запирање на нападите, можеби ќе бидат потребни значителни напори за да се убеди Русија да спроведе нешто многу поважно: мирен соживот со своите соседи во наредните децении“, напиша Зеленски на социјалните мрежи.
По средбата меѓу Трамп и Путин се појави информација дека Русија не е заинтересирана за прекин на огнот по сегашните фронтовски линии, туку за целосен мировен план, според кој Украина би морала да го предаде Донбас. Тој план наводно го поддржува самиот Трамп, а Зеленски го отфрлил.