Регион
Обвинителството за организиран криминал работи на расчистување на убиството на адвокатот Огњановиќ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/08/srpski-advokat.jpg)
Убиството на адвокатот Драгослав Миша Огњановиќ е под надлежност на Обвинителството за организиран криминал.
Според Обивнителството, досегашните сознанија покажуваат дека постои основано сомневање дека убиството го извршила организирана криминална група, изјави Нела Кубуровиќ, министер за правда.
Таа посочи и дека Министерствата за правда и за внатрешни работи на Србија излегле во пресрет на барањата на адвокатите и предложено е формирање работна група која ќе се занимава со нивната позиција во текот на законските измени.
Миша Огњановиќ беше убиен во Белград, пред влезот на зградата во која живеел, а при неговото убиство беше повреден и неговиот 26-годишен син.
Педесет и седумгодишниот Огњановиќ му беше адвокат на Лука Бојовиќ, водачот на „Земунскиот клан“, како и на членовите на неговото семејство, а исто така беше и еден од бранителите на Слободан Милошевиќ пред Хашкиот трибунал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
Земјотрес го погоди Крит
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/08/zemjotres2.jpg)
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала го погоди Крит.
Земјотресот бил на длабочина од пет километри, а епицентарот на 73 километри од Ираклион.
Засега нема информации за жртви и материјална штета.
Регион
13-годишно девојче загина од гром на плажа на Халкидики
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2020/07/Grcija-1.jpg)
Трагичен настан се случи денеска на Халкидики кога 13-годишно девојче го загуби животот откако го удри гром.
Трагичниот инцидент се случил околу 16:30 часот кога девојчето било на плажата Посеиди, на песокот, а според првите информации полесно е повредена и нејзината мајка.
Времето на Халкидики денеска е лошо со обилни врнежи од дожд, пренесуваат локални медиуми.
Полициската управа Касандра води прелиминарна истрага за инцидентот, пишуваат грчките медиуми.
Регион
Додик: Има ли некој што може да ги тргне бошњачките политичари од погрешен воз
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/04/dodik-1.jpg)
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик денеска изјави дека кога ќе се качите во погрешен воз сите постојки се погрешни и праша дали има кој да ги извади бошњачките политичари од тој воз.
„Има ли некој што може да им објасни дека Боно Вокс и „U2“ никогаш повеќе нема да свират бесплатно во Сараево, а CNN ќе го емитува концертот? Дека веста за резолуцијата за Сребреница не е објавена во ниту еден светски медиум. Дека Босна и Херцеговина никому не му е важна, освен луѓето што живеат во неа“, напиша Додик на социјалната мрежа Икс.
Дваесет години, посочува, се обидува да им објасни, а тоа ќе го покаже на претстојната средба во Мостар.