Регион
Сервер: Корекцијата на границите е поделба и доведува до дестабилизација на Балканот

Најавите за можна промена на границите на Баланот што деновиве е изнесена и од страна на косовскиот претседател Хашим Тачи остро е критикувана од страна на странските аналитичари, но и оние во Албанија и Косово.
Американскиот аналитичар Даниел Сервер кој важи за одличен познавач на состојбите на Баланот, за „Гласот на Америка“ изјави дека корекцијата на границите е поделба и доведува до дестабилизација на Балканот.
Сервер во изјавата нагласува дека размената на територии на Косово со Србија ќе го дестабилизира Баланот, но и пошироко регионот. Според него размената на територии ќе ги зајакне позициите на оние опции кои на Косово бараат соединување на Косово со Албанија, а ќе има и негативни дејствија и во Македонија.
Познатиот американски аналитичар за „Гласот на Америка“ додава дека ќе има дестабилизација и во Босна и Херцеговина, бидејки Република Српска ќе бара промена на границите.
Инаку против најавите на косовскиот претседател за евентуална размена на територии помеѓу Косово и Србија, отворено застанаа и косовскиот аналитичар Ветон Сурои и Едит Харџи, екс заменик министер за надворешни работи на Албанија, кои за албанските медиуми ја изнесоа оценката дека таквата идеја е многу опасна токму за Косово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.