Црна хроника
Приведени Бугарки кои ограбиле маж на Зелен пазар
СВР Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство-Скопје поднесе кривична пријава против З.Н.З.(19), Д.А.Д.(27) и Д.М.Д.(41) од Република Бугарија, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „кражба“.
„Имено, на 21.07.2018 година околу 11,15 часот на улицата „11-ти Октомври“ во Скопје поточно на Зелен пазар, откако го забележале оштетениот како пазари на една од тезгите, првопријавената искористувајќи ја гужвата во пазарот и невниманието на оштетениот се доближила до него, додека второпријавената и третопријавената се туркале во оштетениот со цел да му го одвлечат вниманието. Притоа, пријавената З.Н.З. со протнување на рака во џебот од панталоните на оштетениот го одзела новчаникот, во кој имало 5.100 денари, и документи, при што се стекнале со противправна имотна корист од 12.000 денари“ соопшти МВР.
Пријавените биле забележани од страна на сопругата на оштетениот и веднаш била известена полиција. Од страна на полициски службеници излезено било на лице место, по што лицата биле лишени од слобода.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Возел иако имал забрана: уапсен стружанец
Вчера во 09:40 часот на ул. „Пабло Неруда“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода А.Ф.(48) од Струга.
При контрола во сообраќајот, полициските службеници, сопреле патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека А.Ф. го управувал возилото и покрај тоа што имал забрана за управување со моторно возило од Б категорија.
По наредба на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против А.Ф. ќе биде поднесена соодветна пријава
Црна хроника
Уапсен охриѓанец: ја претепал сопругата
Синоќа во 22:45 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Д.А.(52) од Охрид.
Полицијата постапила по претходна приајва дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 50-годишна сопруга.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Дете нападнато од врсници во Карпош, едниот снимал со телефон
Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, Ј.Ц.А. (45) од Скопје пријавила дека околу 14:45 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавале, информираат од МВР.
Според пријавата, едниот од напаѓачите го снимал настанот со мобилен телефон.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

