Црна хроника
Камион удри во жена во Велес

Седумдесет и три годишна жена е тешко повредена откако на улицата „Благој Ѓорев“ во Велес, во неа удрил камион со винички регистарски ознаки.
Жената итно била пренесена во Јавната здравствена установа во Велес каде од страна на лекар и биле констатирани тешки телесни повреди и била префрлена во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Велес и се работи на целосно расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Ограбена жена на улица среде бел ден во Центар

Крадци нападнале и ограбиле жена на улица на подрачјето на центарот на Скопје.
Според информациите на МВР, вчера во 16.30 часот во СВР Скопје, Н.Ѓ.(38) од Скопје пријавила дека околу 14.00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, едно лице ѝ го попречило патот, а друго лице физички ја нападнало, при што ѝ одзело личен накит.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Татко пријавил дека малолетник извршил обљуба врз син му во Карпош

Татко пријавил дека малолетник извршил обљуба врз неговиот 14-годишен син на подрачјето на скопската населба Карпош.
Според информациите на МВР, вчера во 20.00 часот во СВР Скопје, 45-годишен маж од Скопје пријавил дека на 12.05.2025 на подрачјето на Карпош во Скопје, еден малолетник со закана и употреба на сила извршил обљуба врз неговиот 14 – годишен син.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Автомобил удри во бандера во Скопско, возачот загина

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера вечер на регионалниот пат Драчево-Катланово, во атар на с.Морани.
Според информациите на МВР, автомобил „фолксваген бора“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(27) од с.Студеничани, скопско, удрило во рефлектирачко столбче на патот, ограда и во бандера која паднала врз возилото.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Додека со тешки телесни повреди се здобил неговиот сопатник Џ.Т.(22) од с.Студеничани, скопско, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција, а увид извршила увидна екипа на СВР Скопје.