Спорт
Алварез го нокаутира Ковалев (Видео)
Колумбиецот Елвејдер Алварез е нов шампион во полу тешка категорија, во верзијата на ВБО. Алварез го шокираше боксерскиот свет со победата над Русинот Сергеј Ковалев.
Алварез кој пред борбата беше тотален аутсајдер успеа да го нокаутира големиот фавори…
Колумбиецот Елвејдер Алварез е нов шампион во полутешка категорија, во верзијата на ВБО. Алварез го шокираше боксерскиот свет со победата над Русинот Сергеј Ковалев.
Алварез, кој пред борбата беше тотален аутсајдер, успеа да го нокаутира големиот фаворит Ковалев, во седмата рунда.
Колумбиецот со десно кроше го испрати на подот Ковалев, кој потоа тргна во отвoрена борба и уште двапати се најде на подот.
Со оваа победа Алварез сега во кариерата има скор 24 победи, додека рускиот боксер го доживеа третиот пораз. Претходните два му беа од Андреа Ворд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Финале ќе играат Франција и Германија, Франција ќе биде шампион“
Поранешниот капитен на Ливерпул, Џејми Карагер (46) за британски „Телеграф“ прогнозираше како ќе се одвива претстојното Европско првенство во Германија.
Континеталниот шампионат ќе го отврат Германија и Шкотска на 14 јуни.
Според прогнозата на Карагер вака ќе изгледаат осминафиналните двојки: Германија-Данска, Унгарија-Хрватска, Украина-Шпанија, Англија-Австрија, Португалија-Швајцарија, Холандија-Романија, Белгија-Србија, Франција-Турција.
Во четвртфиналето Германија ќе игра против Шпанија, Португалија против Холандија, Белгија со Франција и Англија против Унгарија.
Во полуфиналето ги фаворизираше домаќините Германците за кои верува дека ќе играат во финалето. Другиот финалист, смета Карагер, ќе биде Франција, која во полуфиналето ќе биде подобра од Англија.
Спорт
Барселона потврди дека Чави добил отказ
Фудбалскиот клуб Барселона потврди дека Чави Ернандез повеќе нема да биде тренер на првиот тим.
Како што беше најавено, Џоан Лапорта не му ги прости критиките на Чави за лошата ситуација во клубот и денеска му врачи оставка.
Барселона на официјалниот сајт на клубот потврди дека Чави последен пат ќе седне на клупата против Севилја во недела.
„Фудбалскиот клуб Барселона му се заблагодарува на Чави за сè што направи како тренер, надградувајќи го она што го прави како играч и капитен. Клубот му ја посакува сета среќа на светот. Чави ќе го води тимот за последен пат време во недела на гостувањето кај Севилја. Во наредните денови Барселона ќе објави повеќе информации за новиот тренер“, соопшти Барселона.
Како што е познато, Лапорта и спортскиот директор Деко, постигнале договор со Ханси Флик, кој во понеделник ќе биде назначен за нов тренер.
Спорт
Бразилската мафија го принудила Пакета да добива жолти картони – Фудбалерот се соочува со 10-годишна суспензија
Скандалот „Пакетa“ ги тресе Англија и Бразил.
Репрезентативецот на Бразил и фудбалер на Вест Хем, Лукас Пакета е на мета на англиското обвинителство поради учество во нелегално обложување.
Англичаните утврдиле дека Пакета во четири наврати намерно добил жолти картони. Бразиелцот тврди дека не е виновен.
Англиските медиуми пишуваат дека доколку Пакета не ја докаже својата невиност може да добие суспензија од 10 години.
Бразилски медиуми, кои внимателно го следат случајот, тврдат дека Пакета, под закана од бразилската мафија, бил принуден да ги добива жолтите картони.
Еден од шефовите на бразилското подземје упатил серизно закани до Пакета и неговото семејство дека поради големиот број на уплети мора да добие жолти картони.
Засега нема докази, но се чини дека ова е само почеток на скандалот кој може да го одбележи летото во Англија и Бразил.