Регион
Грчкиот генерален секретар за цивилна заштита си поднесе оставка
Генералниот секретар за цивилна заштита на Грција, Јанис Капакис, денеска поднесе оставка.
Вчера, пак, грчката Влада од функција ги смени началниците на противпожарната служба и полицијата.
Грчките власти соопштија дека 36 лица и понатаму се наоѓаат во болница, од нив шест се во критична состојба.
Во катастрофалниот пожар што на 23 јули го зафати источниот дел на областа Атика, во близина на Атина, загинаа најмалку 90 лица.
Грчката Влада пред неколку дена почна со уривање на оградите околу дивоградбите, кои се смета дека го попречиле патот и ги оневозможиле жртвите навреме да стигнат до морето и да се спасат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес го погоди Крит
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала го погоди Крит.
Земјотресот бил на длабочина од пет километри, а епицентарот на 73 километри од Ираклион.
Засега нема информации за жртви и материјална штета.
Регион
13-годишно девојче загина од гром на плажа на Халкидики
Трагичен настан се случи денеска на Халкидики кога 13-годишно девојче го загуби животот откако го удри гром.
Трагичниот инцидент се случил околу 16:30 часот кога девојчето било на плажата Посеиди, на песокот, а според првите информации полесно е повредена и нејзината мајка.
Времето на Халкидики денеска е лошо со обилни врнежи од дожд, пренесуваат локални медиуми.
Полициската управа Касандра води прелиминарна истрага за инцидентот, пишуваат грчките медиуми.
Регион
Додик: Има ли некој што може да ги тргне бошњачките политичари од погрешен воз
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик денеска изјави дека кога ќе се качите во погрешен воз сите постојки се погрешни и праша дали има кој да ги извади бошњачките политичари од тој воз.
„Има ли некој што може да им објасни дека Боно Вокс и „U2“ никогаш повеќе нема да свират бесплатно во Сараево, а CNN ќе го емитува концертот? Дека веста за резолуцијата за Сребреница не е објавена во ниту еден светски медиум. Дека Босна и Херцеговина никому не му е важна, освен луѓето што живеат во неа“, напиша Додик на социјалната мрежа Икс.
Дваесет години, посочува, се обидува да им објасни, а тоа ќе го покаже на претстојната средба во Мостар.