Свет
Првиот сет американски санкции против Иран стапи во сила

Првиот сет американски санкции против Иран, кои се поблаги откако беше постигнат нуклеарен договор со Техеран, влегоа во сила рано изутрина, врз основа на извршната наредба на американскиот претседател Доналд Трамп.
Овој сет санкции се однесува на финансиските трансакции во долари, иранската автомобилска индустрија, како и купувањето комерцијални авиони и метали, вклучувајќи и злато.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Франција ја призна Палестина

Францускиот претседател Емануел Макрон вечерва на Генералното собрание на ОН потврди дека Франција ја признава Палестина како независна држава.
Со ова, Франција се приклучува на земји како Обединетото Кралство, Канада и Австралија, кои го направија истиот чекор во последните недели.
„Светот е на чекор до губење на шансата за мир. Време е да се стави крај на војната во Газа“, порача Макрон, додавајќи дека решението со две држави е единствен пат.
Израел остро реагираше, оценувајќи дека признавањето е награда за тероризмот и повтори дека палестинска држава нема да се случи.
Палестинските власти го поздравија чекорот и го оценија како неповратен пат кон дводржавно решение.
Со Франција, вкупно 153 земји-членки на ОН – речиси 80 отсто ја имаат признато Палестина.
Во меѓувреме, Израелската офанзива продолжува. Според здравствени власти во Газа, во последните 24 часа загинале 61 лице, со што вкупната бројка од 7 октомври 2023 достигнува 65.344 загинати.
Свет
Голем напад со беспилотни летала врз Москва, небото е затворено

Москва вечерва беше нападната со беспилотни летала.
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, објави дека противвоздушните сили собориле вкупно девет дронови , а подоцна уште два. Жителите на Московскиот регион слушнале експлозии на пристапот кон градот, а според првите информации што ги објавија руските медиуми, нема повредени или голема материјална штета.
Многу откажани и одложени летови
Повеќе од 35 летови беа откажани и одложени на московските аеродроми Шереметјево, Домодедово и Внуково во вечерните часови поради украински напади со беспилотни летала. Работата на аеродромот Шереметјево беше привремено суспендирана.
„До 20:19 часот по московско време, 21 лет беше одложен, а уште еден откажан во Шереметјево. Девет одложувања и две откажувања беа регистрирани во Домодедово, а четири летови беа одложени во Внуково“, објавуваат руските медиуми.
Руските медиуми наведуваат дека по нападот, тајната служба на ФСБ и Истражниот комитет ќе спроведат истрага и дека се очекува кривична постапка за тероризам. Оперативните служби на терен ги проверуваат остатоците од беспилотните летала и проверуваат дали предизвикале дополнителна штета.
Свет
САД: Ќе ја браниме секоја педа од територијата на НАТО

Соединетите Американски Држави потврдија дека ќе ја бранат територијата на НАТО, по нарушувањето на воздушниот простор во неколку земи.
„Соединетите Американски Држави стојат покрај своите сојузници во НАТО во однос на овие повреди на воздушниот простор и сакам да ја искористам оваа прва можност да повторам и нагласам дека Соединетите Американски Држави и нашите сојузници ќе го бранат секоја сантиметар од територијата на НАТО“, рече американскиот амбасадор во Обединетите нации, Мајк Валц, на денешниот вонреден состанок на Советот за безбедност на ОН во Њујорк.
Русија треба итно да го запре таквото опасно однесување, рече новоназначениот амбасадор.
„Очекуваме Русија да бара начини за деескалација, а не да ризикува проширување (на конфликтот)“, додаде Валц.
Тој истакна дека американскиот претседател Доналд Трамп вложил огромно време и труд за да ја заврши „страшната“ војна меѓу Русија и Украина. Русија треба директно да преговара со Украина за да го запре конфликтот, рече Валц.
Естонија во петокот објави дека три руски борбени авиони го нарушиле нејзиниот воздушен простор 12 минути. Русија го отфрла естонскиот извештај за настанот. Голем број руски беспилотни летала влегоа во полскиот воздушен простор една недела претходно за време на рускиот воздушен напад врз Украина.