Црна хроника
Повреден возач – со ,,хонда” излетал од патот и удрил во бетонска ограда
Возач е тешко повреден откако излетал од патот и удрил во бетонска ограда. Според полицијата, несреќата се случила вчера околу 22 часот на обиколница кај селото Стајковци. Возилото „хонда сивик“ со скопски регистерски таблички, управувано од Д.Г.(19) од Скопје, излетало од патот и удрило во метален браник и бетонска ограда.
По незгодата, со возило на Итна медицинска помош возачот бил пренесен во комплексот клиники ,,Мајка Тереза“, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Загина возач на патот Ростуше – Дебар, со возилото излетал од патот
Вчера во 18.05 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионален пат Ростуше – Дебар, патничко возило „шкода“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Б.П.(53) од Дебар, излетало од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.П., кој по укажаната лекарска помош во Општа болница во Дебар им подлегнал на повредите.
Увид на местото на несреќата, во присуство на јавен обвинител, извршила екипа од ОВР Гостивар.
Црна хроника
Пешак загина по удар од товарно возило кај Валандово
Вчера во Полициската станица Валандово било пријавено дека околу 17.30 часот на регионален пат Р 1401, на место викано крстосница „Страиште“, валандовско, товарно возило „ивеко“ со валандовски регистарски ознаки, управувано од Т.К.(47) од село Удово, валандовско, удрило во пешакот А.Т.(68) од село Казандол, валандовско.
Од здобиените повреди, на местото на настанот починал пешакот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Валандово.
Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и екипа на ОВР Валандово. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Претрес во Тетово, пронајден кокаин
Вчера во 18.50 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Б.(35) од Тетово.
При претрес во неговиот дом и помошните простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кокаин и предмети со остатоци од кокаин. Т
Тој, според полицијата е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.