Свет
Кражба на 300 килограми експлозив, италијанската полиција трага по експлозивот
Во туристичкиот град Градо во близина на Трст италијанската полиција и војска интензивно трагаат по 300 килограми експлозив, кој претходно го извлекле од торпедо од Втората светска војна, кое било пронајдено во морето.
Според италијанските медиуми, торпедото било пронајдено минатата недела на само 800 метри од пристаништето Сан Вито.
Поради опасноста од експлозија, експлозивот бил изваден, транспортиран и пренесен на околу 4 милји од брегот.
Минатата сабота италијанската војска, како што пишуваат тамошните медиуми, требала да го уништи експлозивот, но откако дошле не местото каде што претходно го стационирале екслозивот, тој повеќе не бил таму.
Во тек е истрага.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Нови детали за смртта на Алексеј Навални: се појавија тајни документи
Рускиот портал „Инсајдер“, кој е на списокот на „странски агенти“, денеска објави дека стотина документи кои содржат информации поврзани со смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, а кои укажуваат на можно труење на опозиционерот.
„Инсајдер“ добил пристап до стотици официјални документи поврзани со смртта на Алексеј Навални во поправната колонија „Поларниот волк“.
Врз основа на тие документи, порталот наведува дека руските власти намерно ги отстраниле референците за симптоми кои не биле вклучени во официјалната верзија, пренесува Танјуг.
Според лекарскиот извештај, „овие симптоми недвосмислено укажуваат дека Навални бил отруен“, се наведува во текстот на медиумската куќа за истражувачкото новинарство.
Според порталот, меѓу документите се пронајдени две верзии на одлуката со која се одбива да се поведе кривична постапка.
Зборовите дека Навални имал стомачни болки, гадење и грчеви пред смртта исчезнале од втората и последната верзија, а истата информација ја има и во вториот документ во описот на „отстранетите ставки“.
Судејќи според текстот на документот, тие се испратени на преглед, иако претходно не се најавуваше ниту самиот преглед, ниту фактот дека Навални воопшто имал мачнини.
Документите ги коментираше лекарот Олександр Полупан, кој го лекуваше Навални по труењето со „Новачок“ во август 2020 година во Омск. Тој изјави дека симптомите укажуваат на труење со органофосфати.
Според „Инсајдер“, овие документи ги потврдуваат зборовите на Јулија Навални, која претходно изјавила дека во последните минути пред смртта Навални навистина се пожалил на остра болка во стомакот.
Навални беше затворен во 2021 година и по бројни судења беше осуден на повеќе од 20 години затвор.
Почина во затвор во февруари 2024 година. Руската опозиција смета дека станува збор за насилна смрт.
Истражниот комитет на Јамало-Ненецк автономен округ на Руската Федерација тврди дека лидерот на руската опозиција починал на медицинскиот оддел по неуспешни мерки за реанимација, па истрагата нема да се води.
Свет
Белата куќа: Хезболах ќе се обиде брзо да се обнови
Висок функционер на Белата куќа рече дека Хезболах веројатно ќе се обиде брзо да се обнови откако Израел ја „збриша“ командната структура. Израел изврши нови воздушни напади врз Либан оваа недела во обид да го порази Хезболах.
Портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби рече дека милитантната група „ќе се обиде да се опорави“ и дека САД „гледаат што ќе направат за да се обидат да го пополнат лидерскиот вакуум“.
Зборувајќи за нападот во кој беше убиен лидерот на Хезболах Хасан Насрала, Кирби рече: „Мислам дека луѓето се побезбедни без него“.
Свет
Прв напад врз центарот на Либан од 2006 година
Народниот фронт за ослободување на Палестина (ПФЛП) во Либан објави дека тројца негови членови биле убиени во воздушен напад врз Бејрут во раните утрински часови. Нападот во близина на мостот Кола, главна раскрсница во градот, е локација во границите на либанската престолнина, која е за прв пат погодена во актуелната војна. Тоа е и прв напад врз центарот на Бејрут по војната во 2006 година.
Вооружената група соопшти дека се убиени Мохамед Абед Ал-Ал, член на нејзиното политичко биро и шеф на воено-безбедносниот оддел, Имад Одех, член на воениот оддел и воената команда во Либан и Абдул Рахман Абед Ал-Ал.
ПФЛП вети дека „ќе го продолжи патот на борбата и отпорот сè додека окупацијата не биде збришана, без разлика колку долго ќе трае и без разлика колку се големи жртвите“.
Израелската војска изјави за Си-ен-ен дека „го истражува инцидентот“.