Црна хроника
Кривична против три лица од Охрид, краделе плочки и лим од магацин
Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против А.З.(58), В.З.(52) и Ш.Ш.(83), сите од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба”.
„Пријавените во периодот од април до јули оваа година од магацински простор во Охрид одзеле плочки, арматура со различни димензии од кровна конструкција и лим, со што се стекнале со противправна имотна корист од 326.000 денари“, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мотор удри во авромобил во Прилеп, сопатничката е тешко повредена
Вчера во полицијата во Прилеп било пријавено дека на улицата Орде Чопела во градот, мотоцикл „хонда” со прилепски регистарски ознаки, управуван од З.Ѓ.(25) од с.Долнени, прилепско, удрил во заден дел на патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С.(40) од Скопје.
Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобила Б.Д.(33) од с.Чепигово, сопатничка на мотоциклот, а возачот на мотоциклот З.Ѓ. се здобил со телесни повреди, констатирани во Градска болница Прилеп.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.
Црна хроника
Со автомобил удрил во малолетничка во Радовиш па побегнал, МВР го пронајде возачот
На булеварот Александар Македонски во Радовиш, автомобил управуван од Ѓ.Ѓ.(37) од Радовиш, удрил во малолетно девојче, по што го напуштил местото.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Медициски центар Штип, соопшти полицијата во дневниот билтен.
Се додава дека по преземени мерки и активности, возачот бил пронајден на 12 октомври и со него бил извршен службен разговор.
Увид бил извршен од екипа на Полициската станица Радовиш, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Скопјанка со автомобилот излета од автопатот кај Куманово
Синоќа околу 01.50 часот во полицијата било пријавено дека на автопатот Куманово-Скопје, кај Агино Село, автомобил „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управуван од М.Ѓ.(34) од Скопје, излетал надвор од коловозот.
„Во несреќата, М.Ѓ. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во приватна болница во Скопје“, објави МВР.
Извршен бил увид,