Свет
Двојно зголемен бројот на спасувачки екипи во Индонезија, бројот на загинати расте

Индонезија двојно го зголеми бројот на спасувачките екипи во потрагата по преживеани по катасторфалниот земојтрес кој го погоди туристичкиот остров Ломбок. Во земојтресот со јачина од 6,9 степени по рихтеровата скала кој во неделата го подоги островот, досега се регистрирани 105 жртви.
Индонезиските власти стравуваат дека бројот на загинати и натаму ќе расте. Вчера спасувачките екипи успеа да извлечат жива жена од под урнатитните. Голем број села се уништени од земјотресот.
Илјадници жители останаа на улиците без покрив над глава, а туристите масовно го напуштаа островот.
Спасувачките екипи на туристичкиот остров Ломбок во Индонезија и натаму трагаат по исчезнати по катастрофалниот земјорес со јачина од 6,9 степени по Рихтеровата скала, кој ја погоди областа. Од урнатини на една џамија оштетена во силниот земјотрес, војниците успеале да извлечат уште еден човек.
Претходно, Ломбок на 29 јули беше погоден од уште еден земјотрес со јачина од 6,4 степени, при што загинаа 17 лица, неколкумина беа повредени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Две болници во Газа затворени поради израелската офанзива

Министерството за здравство во Појасот Газа соопшти дека две болници во градот Газа – детската „ал-Рантиси“ и болницата „Eye“ – престанале со работа поради штетите од израелското бомбардирање и напредувањето на копнената офанзива.
Според властите, здравствениот систем е намерно цел на нападите, што го прави речиси невозможно пациентите и ранетите безбедно да стигнат до болнички објекти. Израел сè уште не се огласил по обвинувањата.
Израелската армија, која тврди дека Хамас го користи градот Газа како последно упориште, продолжува со копнените операции и уништување на стамбени блокови. Локалните власти велат дека само во понеделник најмалку 25 лица биле убиени во нападите, додека во речиси двегодишната офанзива бројот на жртви во Газа надминал 65.000.
Свет
ЕУ подготвува „ѕид против дронови“ без Унгарија и Словачка

Европската унија подготвува иницијатива за заштита на источната граница од дронови, но на првичниот состанок нема да учествуваат Унгарија и Словачка.
Видеоконференцијата, закажана за 26 септември, ќе ги обедини седум земји од источниот дел на ЕУ – Естонија, Латвија, Литвa, Финска, Полска, Романија и Бугарија – како и Украина.
Според Европската комисија, разговорите се поттикнати од неодамнешни инциденти со дронови во Романија и Полска, а ќе се разгледаат потребите и капацитетите на земјите за заедничка одбрана. Иницијативата следи по говорот на Урсула фон дер Лајен за состојбата на Унијата, во кој беше нагласена потребата од воспоставување ваков „ѕид“.
Свет
Туск: Нема да се двоумиме да го собориме секое летало што ќе го наруши нашиот воздушен простор

Полска нема да се двоуми да го собори секое летало што ќе го наруши нејзиниот воздушен простор и претставува закана, изјави денес премиерот Доналд Туск, како што објавија светските новински агенции.
„Ќе донесеме одлука да собориме летачки објекти ако и кога ќе го нарушат нашиот воздушен простор – апсолутно нема дебата за тоа“, рече Туск на прес-конференција.
Тој додаде дека на ситуациите што не се целосно јасни им се пристапува поинаку.
„Кога се соочуваме со околности што не се целосно недвосмислени, како што е неодамнешниот лет на руски борбени авиони над платформата Петробалтик – но без повреди, бидејќи ова не се наши територијални води – тогаш навистина треба двапати да размислиме пред да избереме потези што би можеле да предизвикаат многу акутна фаза од конфликтот“, рече тој.
Изјавата доаѓа откако Естонија ја обвини Русија во петокот дека три од нејзините борбени авиони МиГ-31 влегле во естонскиот воздушен простор над Финскиот Залив, каде што останале 12 минути пред да бидат пресретнати од НАТО. Москва го негираше тоа и го оцени како обид за зголемување на тензиите.
Обединетите нации потврдија дека Советот за безбедност денес ќе одржи итен состанок за инцидентот. Естонија побара дискусија, предупредувајќи дека постапките на Русија „ја поткопуваат безбедноста на сите членки на ОН“.
Полска претходно пријави серија слични инциденти. Во текот на ноќта помеѓу 9 и 10 септември, повеќе од 20 руски беспилотни летала влегоа во полскиот воздушен простор, а полските воздухопловни сили, со помош на сојузниците од НАТО, соборија неколку.
Минатиот петок, полските власти објавија и дека два руски борбени авиони се приближиле до платформата за дупчење „Петробалтик“ во Балтичкото Море, нарушувајќи ја безбедносната зона.
Полскиот премиер рече дека нема да донесува одлуки набрзина и без поддршка од сојузниците.
„Треба да бидам апсолутно сигурен дека сите сојузници ќе се однесуваат кон ова на ист начин како и ние“, рече Туск.
Фото: ЕПА