Свет
(Видео) Екстремно високи температури на воздухот какви што немало милион години
Климатските промени отишле толку далеку што научниците со одреден степен на сигурност велат дека постои голема опасност дека нашата планета влегува во услови кои тие ги нарекуваат „стаклена градина“.
Авторите на научиот труд, објавен во списанието „Зборник на Националната академија на науките”, посочија дека порастот на температурата од 1,5 до 2 степени Целзиусови повеќе не зависи исклучиво од човечкиот фактор.

Тие во својата работа издвојуваат десет процеси кои, според нив, ќе предизвикаат други процеси базирани на повратни информации и нивното незапирливо влијание исто така ќе влијае на климатските и просечните температури на воздухот, како и температурите на водата во океаните на Земјата.
Порастот на температурата на воздухот од 1,5 до 2 степени, научниците ја сметаат за доста критична иако станува збор за мал процент.
Како што е наведено во весникот, дури и ако сите земји во светот се придржуваат кон договорот за борба против климатските промени од Париз, постои голема опасност Земјата да влезе во услови што климатски научници ја нарекуваат „стаклена градина”.

Топлотниот бран што ја зафати Европа носи рекордно вискои температури на воздухот.
Во Франција, пак, по пеколните горештини денеска следуваше силно невреме, во вечерните часови се очекува бура и опаѓање на температурите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

