Свет
(Видео) Најмладиот колумбиски претседател положи заклетва
Иван Дуке, кандидатот од десницата во Колумбија, денеска положи заклетва за нов претседател на земјата.
Дуке е најмлад претседател на Колумбија.
Тој вети „корекции“ на мировниот договор со левичарите, како и борба против останатите вооружени групи во земјата.
42-годишниот нов шеф на државата во овој момент се соочува со задача околу примената на историскиот договор со револуционерните вооружени сили на Колумбија, со кој треба да се стави крај на половина век стариот спор.
Иван Дуке победи на претседателските избори што се одржаа во Колумбија пред околу два месеца.
Дуке го победи неговиот противник од левицата Густаво Петро, освојувајќи 54 проценти од гласовите, наспроти 41,8 проценти на Петро.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

