Контакт

Македонија

(Видео) Митева: Договорот го зајакнува идентитетот и носи подобар живот за сите

Објавено пред

Од Виница ве повикувам заедно да ја обезбедиме македонската иднина, иднината на нашата земја. Да се обединиме и заедно да ја донесеме одлуката на 30 септември. Да ја искористиме историската фер шанса за сите граѓани на Македонија и на референдум да ѝ го расчистиме патот на нашата земја за влез во НАТО и ЕУ со зачуван и зајакнат идентитет. Со постигнатиот македонско-грчки договор носиме подобар живот за сите граѓани и овде во Виница, во источна Македонија, но и во целата наша држава, изјави пратеничката на СДСМ, Славица Шуманска-Митева.

dobivaj vesti na viber

Според неа, со договорот го чуваме богатото културно и историско наследство, кое ја направи нашата македонска нација славна. ,,Договорот го гарантира нашето право да се определуваме како Македонци. Ставаме крај на вековните оспорувања и врз славното минато ја градиме иднината. Според член 1 од овој договор, официјалниот јазик на нашата држава е македонски јазик, со што нашиот македонски јазик е потврден еднаш засекогаш. Државните симболи – химната, грбот, знамето – не се менуваат. Со договорот ја тргаме и последната пречка, добиваме покана за членство во НАТО. Ни се гарантираат сигурност, безбедност и стабилност, и тоа на сите наши граѓани, на целата наша територија. Набргу започнуваме преговори за членство во ЕУ“, додаде таа.

Митева вели дека по 11 години стагнација, уназадување и изолација, сега Македонија е на вистинскиот пат кон полноправно членство во НАТО и ЕУ, со обезбеден македонски идентитет. Македонија вредносно, цивилизациски припаѓа во семејството на развиените и напредни држави.
,,Придобивките од овој договор се огромни. Поддршката за него, како и за референдумското изјаснување за иднината на Република Македонија, е највисок патриотски чин. Затоа, на 30 септември масовно и достоинствено да кажеме ‘да’ за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот. Да кажеме ‘да’ за македонската иднина! Им го должиме тоа младите, на сегашните и идните генерации“, додаде таа.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Дел од улиците низ Скопје ќе бидат затворени заради верскиот празник Велигден

Објавено пред

По повод верскиот празник „Воскресение Христово-Велигден” од попладне ќе биде воведен посебен сообраќаен режим на одредени сообраќајници во централното градско подрачје и во општините Ѓорче Петров и Аеродром.

dobivaj vesti na viber

Како што соопшти МВР, во периодот од 18 часот во центарот на Скопје по потреба за сообраќај ќе бидат затворени бул.„Партизански Одреди” од крстосницата со ул.„Франклин Рузвелт” до крстосницата со бул.„ВМРО”, бул.„Св.Климент Охридски” од крстосницата со бул.„Илинден” до крстосницата со ул.„Димитрие Чуповски” и ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ од крстосницата со ул.„9-ти Мај” до кружната крстосница со ул.„Св. Кирил и Методиј”.

На автобусите кои што минуваат преку мостот „Гоце Делчев” по потреба ќе им се менува трасата на движење при што истите ќе се движат по бул.„Илинден” и преку ул.„Франклин Рузвелт” ќе се вклучуваат на бул.„Партизански Одреди”, додека автобусите коишто минуваат преку центарот на градот ќе се движат по ул.„М.Т.Гологанов” па преку ул.„Франклин Рузвелт” ќе се вклучуваат на бул.„Партизански Одреди”. И во спротивна насока автобусите ќе ги користат истите сообраќајници.

Во општина Ѓорче Петров по потреба за сообраќај ќе се затвори ул.„Македонска Војска“ пред црквата „Свети Петар и Павле“ на потегот од крстосницата со бул.„Партизански Одреди“ до ул.„Ѓорче Петров“.

Во општина Аеродром по потреба за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон с. Лисиче.

По потреба за сообраќај ќе бидат затворени и други сообраќајници кои гравитираат околу верските објекти.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност

Објавено пред

Времето денеска, сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во крајните источни планински региони ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Во наредните денови следува период на топло време. Во недела ќе се задржи сончево со мала до умерена облачност, а од понеделник променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

Прикажи повеќе...

Македонија

Дел од Центар без струја

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД известуваat дека денеска ( сабота ) без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

– во периодот од 11.00 до 12.30 часот, корисниците од ул. Јордан Хаџи Константинов – Џинот лоцирани кај ул. Крсто Баиќ, корисниците од ул. Кеј 13 – ти Ноември лоцирани кај ресторан Парк, како и корисниците од ул. Ленинова лоцирани спроти Министерството за Земјоделство. ( општина Центар )

Прикажи повеќе...

Најново

Топ13 минути

Три лица загинаа, а осум се повредени во сообраќајната несреќа на патниот правец Кичево-Гостивар

Три лица загинаа, а осум се повредени во сообраќајната несреќа што вчера вечерта се случи на патниот правец Кичево-Гостивар. Од...

Македонија12 часа

Велигден е тука, но нашите деца ги нема, не прашува ли некој нас како ги минуваме деновите, пишува Златкова, мајка на загинато момче во дискотеката во Кочани

Велигден е тука, но нашите деца ги нема. Престанаа да им чукаат срцата, ги закопавме во црната земја. Некои биле...

Топ19 часа

Одземени возила: биле користени во „диви“ трки во Куманово

На 16.04. и 17.04.2025 во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот Куманово – Скопје се одвиваат диви трки со...

Македонија19 часа

Синдикатот на културата разочаран од Љутков: вработените останаа без плата за најголемиот христијански празник

Секој март од 2021 па наваму, кога се коригира минималната плата и кога платите во културата треба да се усогласат...

Македонија20 часа

Наместо куќен притвор, мерки на претпазливост за двајца поранешни инспектори на ДПИ, иста мерка и за лице од дискотеката

Основното јавно обвинителство Кочани, постапувајќи во предметот во врска со пожарот во кабаре клуб “Пулс”, до Основниот суд во Кочани...

Топ21 час

Се задушил од запалена плинска боца: пронајден починат маж во Кавадарци

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека пожар во урбана средина бил трагичен за повозрасно лице во Кавадарци. Од...

Македонија21 час

Историја без Албанци-Новата програма за седмо одделение ги исклучува од учебниците, реагираат од ДУИ

Новата програма на Бирото за развој на образованието при Министерството за образование и наука за предметот „Историја и општество“ за...

Македонија21 час

(Видео) Автомобил влече врзан коњ низ Скопје: полицијата го идентификуваше возачот

МВР го идентификуваше возачот на автомобилот кој влечеше врзан коњ во Скопје по вчерашното видео на кое реагираа граѓаните. Во...

Економија23 часа

Владата озаконува паушални фактури за струја, граѓаните не смеат да бидат жртви, апелираат Инженери на Македонија

Инженери на Република Македонија (ИРМ), денеска упати апел до пратениците и Министерството за енергетика за да ги отстранат како што...

Македонија23 часа

Маркетите од денеска со нова обврска: ќе треба јавно да ги објават цените на производите

Трговците се должни од денеска да ги објавуваат продажните цени на производите на нивните официјални веб страници. Министерството за економија...

Свет23 часа

Трамп ѝ се закани на Кина со царини до 245 проценти; Кина: Бесмислена игра со броеви, одиме до крај

Кина ги отфрли најновите најави за зголемување на американските царини, нарекувајќи ги заканите на администрацијата на Доналд Трамп „бесмислена игра...

Свет24 часа

Иран: „Целиот наш воен потенцијал е подготвен“

Техеран е подготвен да се одбрани од какво било мешање и закани, а целиот воен потенцијал е подготвен да ја...

Свет24 часа

Америка: Имаме нов план за мир, им го презентиравме на Русија, Украина и Европа

Соединетите Американски Држави им презентираа на Украина, Русија и Европа „рамка за траен и одржлив мир“, изјави портпаролката на американскиот...

Македонија1 ден

Села му одговори на Таравари: Без доверба и чест нема ниту куќа, ниту врата

Едниот од лидерите на поделената Алијанса за Албанците, Зијадин Села, преку социјалните мрежи му одговори на неговиот поранешен сопартиец, Арбен...

Македонија2 дена

Папазов од притвор оди во куќен притвор – за седуммина осомничени за пожарот во Кочани мерката е заменета

Поранешниот градоначлник на Кочани, Љупчо Папазов, кој си поднесе оставка од функцијата по трагедијата во дискотеката „Пулс“, оди во куќен...

Регион2 дена

Револт во Германија поради новите правила за работниците од Западен Балкан, меѓу кои и македонските

Идната Демохристијанско-социјалдемократската влада планира да инвестира 500 милијарди евра во наредните години во реконструкција на дотраената инфраструктура: железници, патишта и...

Македонија2 дена

Почина уште еден повреден во пожарот во Кочани, кој се лекуваше во Белград

Министерството за здравство информира дека во согласност со информациите од Воено медицинската академија во Белград, денеска претпладне, за жал, на...

Македонија2 дена

Осомничениот полицаец за пожарот во Кочани по кој се трагаше сам се пријавил во Обвинителството

Полицаецот по кој се трагаше утрово сам се пријавил во Обвинителството. Тој е меѓу 10-те полициски службеници, кои од завчера...

Македонија2 дена

ЗНАМ: Некој што соработува со ДУИ не треба да биде дел од Владата

За Движењето ЗНАМ за наша Македонија е неприфатлива соработка со нереформираната ДУИ и со лица од СДСМ кои учествувале или...

Македонија2 дена

(Видео) Кузеска 30 дена по трагедијата во Кочани: Зошто се штитат актуелните полициски функционери, министре Тошковски, нели имате малку совест?

„Поминаа триесет дена од трагедијата во Кочани, во која го загубија животот 61 лице, а уште 200 беа тешко повредени....