Свет
Нагасаки одбележува 73 години од атомското бомбардирање

Во јапонскиот град Нагасаки денеска се одбележува 73-годишнината откако американските воздухопловни сили фрлија атомска бомба во градот, при што загинаа 74 000 луѓе.
Американската авијација фрли атомска бомба во Нагасаки три дена откако првата бомба беше фрлена во Хирошима, иако Јапонија понуди капитулација пред нападот врз Хирошима.
На одбележувањето на 73-годишнината од атомското бомбардирање над Хирошима, јапонските власти повикаа на итна елиминација на нуклеарното оружје, и тоа во време кога светот се надева на целосна денуклеаризација на Северна Кореја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Пилот на лет за Аргентина прогласил вонредна состојба: патниците биле во воздух 20 часа

Летот од Франкфурт до Буенос Аирес се претвори во драма откако неповолните временски услови во аргентинската престолнина спречија неколку обиди за слетување, а патниците на Боингот 747-8 поминаа речиси 20 часа во авионот. Густата магла во Буенос Аирес предизвика слаба видливост, принудувајќи го екипажот на летот да направи две кружни рути над градот пред да го напушти слетувањето, пишува списанието Fenix.
Авионот потоа беше пренасочен кон Асунсион, главниот град на Парагвај, оддалечен повеќе од 1.500 километри. По кратко запирање, следеше уште еден обид за враќање во Буенос Аирес, но маглата сепак не дозволи безбедно слетување. Во меѓувреме, и екипажот и патниците беа сè повеќе исцрпени.
Во истиот утрински период, според достапните информации, и други авиони се најдоа во слична ситуација, при што дури 30 летови беа принудени да ја променат планираната рута и да го откажат слетувањето во Буенос Аирес, според медиумот.
Бидејќи количината на гориво се приближуваше до минималната граница, а максималното дозволено работно време на екипажот истекуваше, капетанот одлучи да прогласи вонредна состојба преку меѓународниот повик „Мејдеј“. Оваа одлука овозможи авионот да добие приоритет за слетување во Сао Паоло, каде што беше безбедно приземјен.
„Безбедноста на патниците никогаш не беше загрозена. Се извинуваме за непријатностите што ги доживеаа нашите патници. Екипажот дејствуваше одговорно и професионално во многу тешка ситуација“, изјави портпаролката на компанијата во соопштението.
Свет
Западот мисли дека може да ги користи нашите аеродроми и патишта како свои: Дуда се заканува дека ќе ја затвори рутата кон Украина

Полскиот претседател Анджеј Дуда најави дека има намера да го затвори аеродромот Јасенка во Жешов, кој е логистички центар за испорака на воена помош за Украина.
„Тие едноставно мислат дека можат да го користат аеродромот во Жешов и нашите автопати како свои. Но, тој не е нивен, туку наш. Ако некому нешто не му се допаѓа, ние го затвораме и се збогуваме“, рече Дуда во интервју за полскиот весник „Отварт Консерва“, пренесува „Спутник“.
Тој, исто така, нагласи дека Полска треба порешително да ја нагласи својата улога во контекст на настаните поврзани со Украина, бидејќи и Украина и западните сојузници ги перцепираат полските логистички ресурси како „нивни“.
Дуда ја нагласи важноста на инфраструктурата на источна Полска, вклучувајќи го и аеродромот Јасенка, кој игра суштинска улога во доставувањето хуманитарна и воена помош за Украина, објавува порталот „Онет“.
Претходно, Анджеј Дуда фигуративно предложи на партнерите да им се одземе користењето на полските патишта и аеродромот во Жешов за транзит на товар до Украина, за да може Западот да го разбере вистинското значење на Варшава. Политичарот, исто така, ги обвини украинските власти дека не сфаќаат дека Полска ги презема најголемите ризици со отстапувањето на својата инфраструктура за да му помогне на Киев.
Европа
Средновечен пар во Германија киднапирал 19-годишна девојка, ја чувал во дрвена кутија

Во Фогелсберг, Германија, полицајците пронашле 19-годишна девојка која претходно била пријавена за исчезната, објавува Феникс.
Девојката била заклучена во дрвена кутија, изјавиле од канцеларијата на државниот обвинител за MDR. Маж (43) и жена (56) се испитуваат под сомнение за киднапирање. Младата жена била пријавена за исчезната во текот на викендот. Бидејќи е зависна од редовни лекови, полицијата веднаш започнала интензивна потрага.
Трагата водеше до зграда во Фогелсберг. Сопственикот на зградата рече дека не знае ништо за исчезнатата девојка, но ѝ дозволи на полицијата да изврши пребарување. Додека го пребарувале имотот, полицијата слушнала вресоци што доаѓале од шталата. Таму, ја пронашле девојката заклучена во дрвена кутија.
Според полицијата, таа не би можела да се ослободи. Итно била префрлена во болница. Сè уште не е познато дали жртвата и осомничените се познаваат, ниту кој би можел да биде мотивот за киднапирањето. Судот издаде налог за притвор против осомничените, а истрагата е во тек.