Свет
САД ќе воведат нови санкции против Русија поради случајот „Скрипал“
Соединетите Американски Држави објавија дека на 22 месецов ќе воведат нови санкции кон Русија, откако утврдиле дека Москва користела нервен отров против поранешниот риски таен агент Сергеј Скрипaл и неговата ќерка Јулија Скрипaл.
„Утврдено е дека владата на Руската Федерација користела хемиско или биолошко оружје, со што го прекршила меѓународното право, или користела смртоносно хемиско или биолошко оружје против свои граѓани“, изјави доцна синоќа портпаролката на Стејт департментот, Хедер Ноерт.
Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија беа отруени во март годинава во Англија, поради што беа хоспитализирани, но и двајцата закрепнаа.
Британската полиција претходно соопшти дека се сомнева оти повеќе Руси се вмешани во обидот за убиство на Скрипалови и трагаат по повеќе од еден осомничен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Премиерката на Бангладеш: Сопствениците на фабрики да се откажат од луксузот заради вработените
Премиерката на Бангладеш Шеиха Хасина за време на своето обраќање по повод празникот Први мај ги повика сопствениците на текстилните фабрики и другите фабрики од Бангладеш да ги подобрат условите за работа на своите вработени со тоа што ќе се откажат од дел од својот луксуз.
„Сакам сопствениците (фабриките) да посветат посебно внимание на работниците, намалувајќи го малку нивниот луксуз, бидејќи работниците ви дадоа простор да водите луксузен живот со зголемување на производството со нивната напорна работа“, рече Хасина.
Таа, исто така, ги предупреди работниците да ги игнорираат повиците за штрајк бидејќи „на тој начин работниците понекогаш всушност си нанесуваат штета себеси, на своите семејства, на земјата и на сопствениците на фабриките“, пренесува агенцијата БСС.
Свет
Уривање на дел од автопат во Кина: Најмалку 24 лица загинаа, 30 се повредени
Најмалку 24 лица загинаа, а 30 се повредени при уривање на дел од автопат на југот на Кина, во провинцијата Гуангдонг, јавија кинеските медиуми.
„Осумнаесет автомобили паднаа по падината откако се урна дел од автопатот долг 17,9 метри околу 2 часот по полноќ“, се вели во соопштението на властите во градот Мејџоу во провинцијата Гуангдонг, пренесува АП.
Според американската агенција, околу 11:45 часот по локално време под урнатините биле пронајдени 18 автомобили.
Свет
Блинкен им порача на Израел и Хамас дека е време за прекин на огнот
Државниот секретар на Соединетите Држави (САД) Ентони Блинкен се состана со израелските лидери на 1 мај, за време на посетата на Израел, а во таа прилика му порача на претседателот на земјата дека „е дојдено времето“ за договор за прекин на огнот во војната во Газа.
Ова е седма посета на Блинкен од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас – палестинска група прогласена за терористичка организација од страна на САД и Европската Унија уште од октомври.
Блинкен се обидува да постигне договор кој би ги ослободил заложниците кои ги држат милитантите на Хамас во замена за прекин на борбите. Како дел од договорот се очекува да бидат ослободени и палестинските затвореници.