Контакт

Европа

Откриени напаѓачите на Сергеј Скрипал и неговата ќерка

Објавено пред

Британските истражители соопштија дека ги откриле осомничените напаѓачи кои стојат зад нападот со новичок на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија. Тие беа отруени во март во Англија, поради што беа хоспитализирани, но и двајцата закрепнаа.

Британската полиција се сомнева дека повеќе Руси се вмешани во обидот за убиство на Скрипалови и трагаат за повеќе од еден осомничен, наведува АП. Истражителите ги идентификувале осомничените на снимките од надзорните камери и ги споредиле добиените податоци со податоците за лицата кои во тоа време влегле во земјата.

Изминатите недели британската антитерористичка полиција го истражувала и убиството на жената која почина на 8 јули, една недела откако беше изложена на новичок во близина на англискиот град Солсбери, каде што беа отруени и Скрипалови.

Европа

(Видео) Орбан посвои носорог

Објавено пред

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, посвои носорог и побара од јавноста да му помогне во изборот на името.

„Добив посебно барање од една зоолошка градина да го прифатам носорогот и тоа и го направив. Но, посвојувањето оди рака под рака со кумството, така што мора да му одбереме име“, напиша Орбан на својот фејсбук-профил, а пренесе бриселски „Политико“.

Тој додава дека има неколку опции и дека е време да се направи конечен избор за кој шеговито додава дека не е потребно двотретинско мнозинство.

Некои од предлозите на Орбан за името на носорогот роден во септември се Чико, Бернардо, Чулок… Како што е објавено, досега околу 3.500 луѓе одговориле на повикот на Орбан и гласале.

Корисниците на „Фејсбук“ за изборот на име ќе може да гласаат до понеделник.

Прикажи повеќе...

Европа

Шкотската полиција ги предупреди жителите на две села да се внимаваат од црн пантер

Објавено пред

Шкотската полиција ги предупреди жителите на селата Дрпган и Колхал во источен Ејшир да бидат претпазливи бидејќи во таа област слободно се движи црн пантер, кој, најверојатно, е повреден.

Според британските медиуми, пантерот бил забележан во поле во близина на патот B730, а жителите се советуваат да бидат внимателни додека полицијата не ја пронајде големата мачка.

„Скај њуз“ известува дека експерти за диви животни се повикани да помогнат, а во потрагата е вклучен и хеликоптер.

Полицијата почнала пребарување по дојава дека во областа е забележано животно што личи на црн пантер.

Тимот за спасување животни од организацијата СПЦА соопшти дека тие ја информирале полицијата оти немаат опрема за такви животни и поради тоа не би биле корисни во потрагата.

Областа каде што бил забележан пантерот е популарна пешачка зона, а има и училишта во близина.

Весникот „Индипендент“ пишува дека пантерот бил забележан првпат околу 9 часот наутро и дека шкотската полиција оттогаш добила голем број повици во врска со случајот.

Прикажи повеќе...

Европа

Преговорите за брегзитот ќе продолжат во позитивна атмосфера, вели Туск

Објавено пред

Претседателот на Европскиот совет изјави дека ЕУ решила да продолжи со преговорите за брегзитот во позитивна атмосфера.

„Кога го преслушаа излагањето на премиерката Тереза Меј, земјите членки на ЕУ потврдија дека преговорите за брегзитот ќе продолжат во позитивна атмосфера“, изјави Доналд Туск на заедничка прес-конференција со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

На крајот од дводневниот самит на лидери на ЕУ, Туск порача дека тој е подготвен за седница за брегзит со Европскиот совет ако Мишел Барние, шефот на преговарачкото тело, даде зелено светло, односно потврди дека Британија покажала напредок.

„Досега не забележавме значителен напредок“, изјави тој.

Според Туск, прашањето за периодот на транзиција откако Кралството ќе ја напушти Европската Унија не било дискутирано на самитот.

„Ако Британија побара продолжување на периодот за транзиција како предуслов за договор, сигурен сум дека лидерите ќе го земат ова предвид“, додаде Туск.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) Јанушев: На пратеници им се нудеа милион евра да гласаат, тие одбија

ВМРО-ДПМНЕ избра борба против неодоговорната власт, рече вечерва генералниот секретар на опозициската партија, Игор Јанушев, на прес-конференција. Тој нагласи дека...

Македонија3 часа

Џафери закажал седница за 21 часот

Собранието на РМ вечерва сепак ќе ја одржи седницата за уставните измени, дознава „Макфакс“ од неофицијални извори. Според овие избори,...

Македонија7 часа

Милошоски бара веднаш да гласаат: Волјата на народот е посилна од притисокот врз неколку пратеници

Пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ пред почетокот на продолжението на седницата за уставните измени на прес-конференција побараа од претседателот на...

Македонија8 часа

Груевски за 8 дена ќе добие покана да се јави во затвор

Пресудата за двегодишната затворска казна на експремиерот Никола Груевски од Апелација пристигна во кривичниот суд од каде ќе биде распределен...

Крвав четврток8 часа

Укинат притворот на Крсто Мукоски

Апелацискиот суд му го укина куќниот притвор на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски. „Апелациониот суд Скопје до Основниот суд Скопје...

Македонија9 часа

Сашо Василевски: Не можам да кажам дали ќе гласам за уставни измени

Не можам ништо да ви кажам. На координација сум, рече пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Сашо Василевски за „Макфакс“ прашан...

Македонија10 часа

Медиуми во Македонија добивале пари од тајни фондови на грчкото МНР, објави „Ајефиремида“

Околу еден милион евра од тајни фондови на грчкото Министерство за наворешни работи биле потрошени за медиуми во Македонија, Албанија...

Метју Палмер Метју Палмер
Македонија10 часа

(Видео) Палмер: Oслободете ги пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат без закани и одмазда!

„Бараме од лидерството на ВМРО-ДПМНЕ да ги ослободи пратениците да гласаат по нивно уверување без страв од закани и oдмазда“,...

Македонија11 час

Обвинение против Миленко Неделковски за статусот на „Фејсбук“ за жртвите од пожарот во Грција

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави обвинителен предлог против новинарот Миленко Неделковски поради ширење расистички...

Македонија11 час

Вештачење „Монструм“: Земјата од Смилковско се совпаѓа со онаа на „опелот“ со кој бегале убијците

На денешното рочиште за случајот „Монструм“ исказ ќе дадат шест вешти лица кои извршиле вештачење на повеќе области поврзани со...

Македонија11 час

(Видео) Мираковска: Џафери ќе одлучи дали ќе се гласа денеска за уставните измени

Ги повикавме колегите да гласаат. На гласањето ќе видиме дали имаме двотретинско мнозинство, а ние веруваме и очекуваме дека ќе...

Европа11 час

Семејството на напаѓачот од Крим: Со него беше многу тешко да се разговара

Семејството на 18-годишниот Владислав Росилјаков, кој е виновен за масакрот во училиштето на Крим, вели дека ништо не укажувало на...

Македонија12 часа

Метју Палмер доаѓа во посета на Македонија

Заменик-помошник државниот секретар на САД, Метју Палмер, в понеделник ќе ја посети Македонија за да разговара за американската поддршка за...

Регион12 часа

Коѕијас ја повика грчката влада да го објави неговото писмо со оставката кое било на девет страници

Никос Коѕијас ја повикува владата да открие зошто тој поднесе оставка од функцијата министер за надворешни работи во средата, поради...

Македонија14 часа

Седницата за уставните измени продолжува денеска, гласањето неизвесно

Расправата за уставните измени продолжува денеска напладне во Собранието. За дискусија се пријавени уште петнаесеттина пратеници, повеќето од нив од...

Македонија1 ден

Сведоци менувале изјави по налог на осомничениот Томе Главчев во „Поштенска банка“

Специјалното јавно обвинителство во аргументите на жалбата што ја отфрли кривичниот совет на скопска „единица“ навело дека барале притвор за...

Македонија1 ден

Мекалистер и Кукан: Собранието треба да ја преземе одговорноста и да го отвори патот кон просперитетна и европска земја

По дебатата во Собранието за уставните измени за спроведување на договорот од Преспа и во пресрет на утрешното ново продолжение...

Европа1 ден

(Видео) Путин: Масовното убиство на Крим е последица на глобализацијата

Рускиот претседател, Владимир Путин, ја обвини глобализацијата за нападот на колеџот во Керч, каде што студент застрела 21 лице, а...

Македонија1 ден

Цела година не се мери загадување околу „Дрисла“, било скапо

Надлежните во „Дрисла“ последните мерења на загадувањето околу депонијата на нивната веб-страница ги објавиле во декември 2017 година. Според Дијана...

Македонија1 ден

(Видео) Ченто: Немам намера да го оставам мојот син и да избегам, ве молам, укинете ми го притворот

„Имам солидна материјална состојба, имам работен однос, ретко ги напуштам границите на Република Македонија, немам друг пасош. Немам прекршочна или...

Досие