Црна хроника
Битолчанец повреден во пожар што избувнал во неговата куќа

Во текот на попладневните часови на вчерашниот ден во куќа во сопственост на 58-годишник, лоцирана на битолската улица Лавчански пат, избувнал пожар.
Како што информираат од МВР, пожарот настанал во една од собите, а во тој момент сопственикот, кој живеел сам, бил во куќата.
Од страна на екипа од противпожарната единица, пожарот набрзо бил изгаснат, но во првичната паника и обидот да го изгаси пожарот, 58-годишниот маж се здобил со повреди, по што бил пренесен во Клиничката болница Битола.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Насилство на фудбалски натпревар во Дебрца: нападнат фудбалер на гостинската екипа, кој завршил во болница

Синоќа, во селото Волино, општина Дебрца, полицијата го приведе С. Б. (43) од истото село.
Тој, по завршувањето на фудбалскиот натпревар од Третата фудбалска лига во Волино, физички го нападнал Р. Н. (25) од ресенското село Грнчари, фудбалер од гостинската екипа, кој бил пренесен во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид за укажување помош.
По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Ужас на автобуска постојка во Карпош: со закана со нож ограбени тинејџери

Синоќа Д.М.(44) од Куманово пријавил дека во периодот од 14.00 до 15.00 часот на автобуска постојка на подрачјето на Карпош, едно лице со закана со остар предмет од неговиот 17-годишен син и нивен 15-годишен роднина одзело пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пукано од автомобил во движење во Петровец

Синоќа во селото Петровец, од автомобил во движење, биле испукани неколку куршуми.
Полицијата изврши увид на местото на настанот и подигнале седум чаури од гасен пиштол за понатамошна постапка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.