Македонија
Од денеска дијаспората може да се пријави за гласање на референдумот

Од денеска до 23 август државјаните на Македонија кои живеат во странство ќе можат да се пријават за гласање на референдумот преку интеренет-апликација на страната на Државната изборна комисија или да поднесат барање во Дипломатско-конзуларните претставништва во земјите каде што живеат. Гласањето на дијаспората ќе се спроведе на 29 септември.
Доколку решат да дојдат во Македонија и да се изјаснат тука, тогаш иселениците нема потреба да се пријават во ДКП-та или преку апликацијата, нивните имиња се заведени со последната пријавена адреса во Македонија.
ДИК имаше задача да ги надмине неусогласеностите меѓу Изборниот законик и Законот за референдум, со што овозможи и дијаспората да се изјасни на референдумот. Гласањето на дијаспората досега не беше опфатено со Законот за референдум, иселениците добија можност да гласаат од 2011 година.
Од денеска до 23 август трае и рокот за увид во Избирачкиот список. Доколку граѓаните забележат неправилности или недостатоци и доколку сметаат дека е потребно да побараат измена, дополнување или бришење на податоците, тоа ќе може да го направат со барања што треба да ги поднесат во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Владата: Ќе го прифатиме секој договор помеѓу синдикатите и работодавачите

Премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за економија и труд, заменик-министерот за економија и труд, државниот секретар во Министерството за финансии и советникот во Кабинетот на претседателот на Владата одржа средба со претставници на синдикатите.
Се разговараше за минималната плата, колективниот договор и репрезентативноста на синдикатите.
„Ставот на Владата во врска со зголемувањето на минималната плата е јасен и поврзан со закон. Имено, согласно закон Владата е обврзана да го определи нивото на минималната плата најдоцна до 31 март. Владата ќе го прифати секој договор помеѓу синдикатите и работодавачите, во моментот кога тој ќе биде постигнат во рамките на економско социјалниот дијалог“, велат од Владата.
Македонија
Утре променливо облачно време со локален дожд попладне

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има локален дожд, а на планините повремен снег.
Ќе дува умерен, а во источните делови и вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 10 до 18 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Следува период на стабилно и топло време, освен утре и во сабота кога ќе има локални врнежи од дожд. Утринските и дневните температури ќе бидат во пораст.
Македонија
Работен состанок за решавање на предизвиците од областа на судските и дисциплинските постапки

Министерството за внатрешни работи се одржа работен состанок помеѓу претставници на МВР, Државниот правобранител на РСМ, Основниот граѓански суд-Скопје, Апелациониот суд-Скопје и Државната комисија за одлучување во управна постапка.
Целта на средбата беше дискусија за отворените прашања во врска со роковите за носење на решенијата во дисциплински постапки и други прашања од областа на судските и дисциплинските постапки.
Претставниците на институциите се договорија овие работни средби да продолжат и во иднина со цел меѓуинституционално решавање на сите предизвици со крајна цел заштита на правата на работниците и избегнување на финансиски импликации на штета на буџетот.