Забава
Сталоне и на 72 години во топ-форма
Силвестер Сталоне по сè изгледа не може без Роки, а ни без Рамбо. Најновото продолжение на серијалот за боксерот Роки Балбоа ќе се појави на големиот екран до крајот на годината, а дотогаш Сталоне во вжбалница ја одржува својата топ-форма за новото продолжение на култната серија „Рамбо”.
Иако самиот вели дека ќе се појави за последен пат во улогата на Рамбо, Сталоне изгледа не размислува за пензионирање.
„Другите ѕвезди зборуваат за своето откажување и за тоа колку ѝ се даваат на публиката. За мене тоа е чест:„Ајде, пумпај!”, напиша актерот под фотографијата на која вежба во вежбалница.
И покрај тоа што е на возраст од 72 години, популарниот Слај, се чини, сè уште е во врвна форма.
„Рамбо V” ќе се прикажува во кината кон средината на следната година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Сите гледаат во долгите нозе на познатата манекенка: кралицата на модната писта воодушеви со изгледот
Познатата манекенка Наоми Кемпбел се појави во Лондон на посебна забава за Ноќта на вештерките. Популарната „црна пантерка“ како што е инаку наречена, ги воодушеви сите со својот аутфит.
Не е тајна дека Наоми е сè уште непобедлива, а тоа често го покажува на секој настан на кој се појавува. Овој пат, таа не сакаше да работи на костим за да биде непрепознатлива, но дефинитивно сакаше да биде впечатлива.

Црно-бел моден аутфит во комбинација со штикли од ист дезен и луксузно кратко крзнено палто беше доволно за да доминира во Лондон.
Долгите нозе на познатата манекенка повторно беа во преден план, а за промена, имаше и насмевка.

Многумина често коментираат дека Наоми Кемпбел е ледена кралица, таа ретко се насмевнува на некого и се смета за строга и не толку пријатна личност. Се чини дека сега решила да работи на тој имиџ, па затоа се смееше на фотографиите.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Мајката и ќерката измамија воздишки на црвениот тепих
Познатата манекенка Синди Крафорд и нејзината ќерка Каја Гербер се појавија заедно на галата LACMA Art+Film, престижен настан што се одржува во Лос Анџелес, кој традиционално ги собира сите најголеми светски ѕвезди.
Славните убавици блескаа во креации од модната куќа Гучи, а за нивната убавина може да се зборува со денови без престан.

Синди избра златен фустан покриен со светки и реси во златна боја. Спуштените прерамки ја нагласуваа женственоста, но и деколтето кое беше во преден план. Познатата манекенка сè надополни со црни салонки и препознатлива брановидна коса.
Каја Гербер, исто така, изненади. Мајката и ќерката буквално ги оставија сите без здив, и дури сега сите сфатија колку всушност си личат една на друга.

Каја избра огнено црвен фустан за овој настан што ја следи линијата на телото и има малку подлабоко деколте. Нејзината креација беше исто така целосно покриена со светки, а исто како и нејзината позната мајка, Каја се одлучи за црни салонки и брановидна коса.

Синди Крофорд е дел од златната генерација модели кои одамна го освоија светот, а Каја е очигледно нејзина достојна наследничка, чија убавина повторно ги остави сите без зборови.
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Кира Најтли со години одела на терапија: едвај се извлекла од постпородилна депресија
Кира Најтли неодамна се појави во подкастот „Happy Mum Happy Baby“, каде што даде искрен и детален опис на своето искуство со постпородилната депресија. Таа призна дека имала хормонален дисбаланс поради кој морала да оди на терапија.
„Се сеќавам на целосен хормонален пад. Бев на врвот, моите хормони беснееја, а потоа се сруши. Мислам дека постпородилната депресија дојде после тоа“, се присети таа.

„Одев на терапија, од прилика една година, а можеби неколку години подоцна, за да научам како да се справам со тоа“, рече таа, додавајќи дека не спиела нормално три години.
„Бебето беше добро. Јас бев добро. Сè беше во ред, а сепак, и покрај тоа што сè беше сосема во ред, се случи ова големо нешто што ми го промени животот.“
Таа, исто така, размислуваше за својот физички изглед по породувањето, како и за прашањата што ги добиваше за тоа.
„Отсекогаш имав тело кое не бараше многу физичка активност, имав едно од оние слаби тела, знаете, се врати, но бев изненадена што не се врати веднаш.“
Прашањата на јавноста за нејзиниот изглед беа сè друго освен пријатни, вели актерката.
„Во тој момент, чувствував дека јавниот разговор за тоа беше ужасен“, вели таа. „’Можеш ли да носиш стари фармерки?’ постојано ме прашуваа. Чувствував како да нема разговор, дека никој не се грижи за тоа како сум, само: ‘Кога ќе носиш стари фармерки?’“
Кира Најтли и нејзиниот сопруг Џејмс Рајтон имаат две ќерки – Делајла (6) и Еди (10), а неодамна изјави за BBC Radio дека социјалните медиуми се забранети во нејзиниот дом.

