Забава
Младите Турци продаваат сè од недвижен имот до омилените камили, и сите од една иста причина
Емре Бостанџи (28), млад земјоделец од Анадолија, одлучил да ја продаде својата камила на интернет за да избегне служење на воениот рок.
„Ова ми е омиленото животно, но морам да го продадам. Ми требаат пари за да го решам прашањето за воената служба“, вели Бостанџи, објаснувајќи дека шестгодишната бела арапска камила е подарок од неговиот татко.
Бостанџи е еден од стотиците илјади турски мажи кои долго ја чекаат можноста да ја избегнат задолжителната воена служба.
Сите мажи постари од 18 години мора да поминат 12 месеци, но според неодамна усвоениот закон, сите родени пред 1 јануари 1994 година имаат можност да служат само 21 ден ако платат 15 000 турски лири (2 400 евра).
Во последните два дена речиси 200 000 од нив се пријавиле за скратена воена служба со паричен надоместок, објавија турските медиуми.
Многу млади Турци продаваат различни вредни работи, дури и недвижен имот, од автомобили преку камили и бикови до станови, со цел да ги добијат парите што ќе им овозможат да ја избегнат воената служба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Си Ен Ен објави вознемирувачко видео на кое раперот Пи Диди брутално ја тепа поранешната партнерка Каси
Вознемирувачки снимки од надзорни камери, на кои се гледа како американскиот продуцент и рапер Шон Комбс (54), познат како Пи Диди, врши брутално насилство врз неговата поранешна партнерка Касандра Вентура (37), позната како Каси, во хотелот Интерконтинентал во 2016 година објави „Си-ен-ен“.
На видеото се гледа како Пи Диди, само со крпа на себе, трча по Каси низ ходникот од хотелот. Додека таа се обидувала да влезе во лифтот, тој ја фатил за глава и ја удрил од подот. Ја удира со нога додека таа лежи неподвижна на земја, па ги зема двете чанти со кои девојката се обидувала да побегне. На крајот Диди ја одвлекува во соба.
Забава
Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи
Победникот на Евровизија, Немо Метлер, ја повика швајцарската влада да признае трет пол во официјалните документи.
Метлер истакна дека е апсолутно неприфатливо таква можност веќе да не постои во Швајцарија, пишува „Гардијан“.
„Треба да бидеме застапени и во политиката. Многу е важно луѓето да се чувствуваат видени“, рече Метлер, кој на прашањето по победата со кого првин би сакал да разговара, без размислување, го именува швајцарскиот министер за правда, Бит Јанс.
Во средата, според неговиот портпарол, министерот му испратил СМС-порака на Метлер, во која му ја честитал победата на Евровизија и го поканил да се видат.
Пред 18 месеци швајцарската влада го отфрли токму овој предлог.
Забава
Џенифер Лопез и Бен Афлек вторпат се соочуваат со развод
Американскиот актер, режисер и продуцент Бен Афлек и пејачката и актерка Џенифер Лопез се на работ на развод вторпат, а според американскиот магазин In Touch Weekly, Афлек веќе се иселил од нивниот заеднички дом.
Обожавателите забележаа дека Бен и Џенифер поминуваат сѐ повеќе време разделени во последните неколку недели.
„Тие имаат намера да се разведат – и овој пат не е виновен Бен“, рекол изворот.