Македонија
Зголемена опасноста од пожари поради високите температури
Високите темпeратури, кои се најавени и за следните денови, носат зголемена опасност од појава на пожари. Во насока на превентивно дејствување, одделението за јавни дејности при Секторот за економски развиј, јавни дејности и информатичка технологија во Општина Битола ги известува и потсетува граѓаните дека е забрането палење стрништа и оган на отворен простор.
Огнот на отворен простор честопати не може да се контролира и лесно може да се прошири на околните шуми. Лицата што ќе се затекнат како палат оган на отворен простор или поради невнимание предизвикале пожар, подлежат на законски санкции. За намерно предизвикување пожари, претстојат кривични пријави и предвидени парични и законски казни.
Доколку граѓаните забележат каква било опасност од пожар или запалена површина, упатуваме апел да се јават на бесплатните телефонски броеви 193 – Противпожарната служба или 195 – Центарот за управување со кризи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

