Македонија
„Патот до Брисел преку Охрид“ – се одбележуваат 17 години од Рамковниот договор
Денеска со почеток во 12 часот во просториите на Клубот на пратениците, Секретаријатот за европски прашања организира одбележување по повод 17 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.
Денес, Република Македонија е исправена пред еден од најважните предизвици во својата понова историја – да ја комплетира својата надворешна интеграција. Во оваа насока традиционалното одбележување на оваа годишнина ќе биде ставено во контекст на денешните предизвици, преку соодветен тематски панел, на тема: „Патот до Брисел преку Охрид“. Преку овој панел ќе се обидеме да создадеме врска помеѓу Охрид, како симбол на внатрешната интеграција, и Брисел, кој ја симболизира нашата надворешна интеграција, т.е. нашата аспирација за полноправно членство во НАТО и Европската Унија, се вели во најавата за настанот.
На панелот, покрај премиерот Зоран Заев и претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, како специјални гости ќе говорат сер Барни Вајт Спунер (sir. Barney White-Spunner), поранешен генерал на Британската армија и поранешниот командант на НАТО во земјава, за време на потпишувањето на рамковниот договор. Спунер е долги години присутен на Балканот во веројатно најтурбулентниот период на регионот.
Специјален гостин на панелот ќе биде и поранешната заменичка на помошникот секретар за одбрана на САД, задолжена за Европа и Азија во администрацијата на Обама, меѓу другото, одговорна и за политика на САД кон Балканот, Евелин Фаркаш. Евелин е денес виш член на Атлантскиот совет, постојан аналитичар за национална безбедност за најголемата медиумска куќа во САД – NBC/MSNBC и претставува исклучителен политички авторитет, американски аналитичар и контрибутор и во бројни други американски и светски медиуми како што се CNN, FOX, Politico, Foreign Affairs итн.
На панелот свое учество ќе земе и Дафина Јовановска – Стојановска, пратеник во Собранието како претставник на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, партија, потписник на Охридскиот рамковен договор. Говорниците низ темата на панелот „Патот до Брисел преку Охрид“ ќе ги води домаќинот – заменик претседателот на Владата, задолжен за европски прашања Бујар Османи, кој од неодамна е и главен преговарач со Европската Унија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Понудена помош за справување со трагичната несреќа: телефонски разговор на Муцунски со швајцарскиот амбасадор Зомер
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, по трагичната несреќа во бар во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, по која беше активиран европскиот механизам за цивилна заштита, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, по остварена консултација со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, и министерот за здравство, Азир Алиу попладнево оствари телефонски разговор со швајцарскиот амбасадор во земјава, Кристоф Зомер.
Во рамки на разговорот, Муцунски изрази искрено и длабоко сочувство до семејствата на загинатите, како и до народот на Швајцарија, упатувајќи желби за брзо и успешно закрепнување на повредените.
Во таа насока, министерот ја изрази подготвеноста на Република Северна Македонија да прифати повредени пациенти, како и да обезбеди соодветна медицинска поддршка во домашните здравствени установи.
Дополнително, министерот изрази подготвеност, доколку има потреба, македонски лекари – специјалисти, кои беа директно вклучени во лекувањето на пациентите по трагедијата во Кочани, веднаш да заминат во Швајцарија и да се вклучат во процесот на лекување на повредените.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан“
Секторот за внатрешни работи информира дека во моментов, повторно е воспоставен нормален сообраќај на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан“.
Сообраќајот, сега е нормализиран и се одвива во двете насоки а беше затворен и во целосен прекин, од 30.12.2025 година, поради превртена цистерна на патот.
Од тогаш, сите надлежни служби излегоа на местото на настанот и активно отпочнаа со мерки за утврдување на причините за незгодата и дислокација на превртената цистерна од коловозот.
Македонија
Утре променливо облачно со сончеви периоди и студено, на планините снег
Времето утре, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во западните делови ќе има слаб локален дожд, а на планините снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -14 до -6, а максималната ќе биде од интервал од -4 до 6 степени.
Во Скопје, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и студено со умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -11, а максималната ќе достигне до 3 степени.
Под влијание на циклонска активност од сабота ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и некои од повисоките населени места од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од јужен правец, а температурата ќе биде во пораст.

