Црна хроника
Опожарено возило во Скопје, сопственикот видел две лица на мотор како бегаат
Патничко возило од „бмв Х3“ со скопски регистарски ознаки било опожарено утрово во Скопје.
Возилото e во сопственост на 60-годишниот П.М., кој пријавил дека околу 5 часот слушнал звук на кршење стакло. Кога излегол да види, забележал дека возилото гори, а две непознати лица со мотоцикл непозната марка се оддалечуваат од местото.
Од опожарувањето оштетен бил предниот дел на возилото, како и десната гума. Во 5.15 часот од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Увид ќе се врши во текот на денот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тепачка во гевгелиската болница: возач на амбулантно возило нападнал лекар
Лекар од гевгелиската болница вчера пријавил во полиција дека бил нападнат од возач на возило на итната помош, соопшти полицијата.
„На 24.11.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Гевгелија, Р.Ц.(36), лекар во Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека околу 12.00 часот во Медицински центар Гевгелија бил физички нападнат од А.К., возач во Итна медицинска помош Гевгелија“, велат од МВР.
Полицијата соопшти дека презема мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Граната од Првата светска војна најдена на нива во Битолско
Вчера, во битолската полиција било пријавено дека во 9 часот во нива во селото Драгожани, Битолско, од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување била подигната артилериска граната во калибар од 105 милиметри.
Гранатата е од Првата светска војна, информираа од МВР во дневниот полициски билтен.
Топ
Mладо момче со автомобилот излета на патот кон Средно Водно, тешко повредено
Дваесет и двегодишен скопјанец со иницијали М.П., синоќа по 1 часот по полноќ, со автомобилот излетал од локалниот пат за Средно Водно.
Од МВР инфомираа дека во несреќата момчето се здобило со тешки телесни повреди, и е хоспитализирано на Комплексот клиники.
Изврешен е увид.