Свет
Стотици мртви во поплавите во Индија

Големите поплави во јужниот дел на Индија зедоа најмалку 37 животи и доведоа до евакуирање 40.000 луѓе, објавија медиумите.
Силни монсунски дождови во средата ја зафатија индиската држава Керала. Оттогаш најмалку 37 лица загинаа во поплавите, објавија локалните власти.
Поради поплавите што го зафатија брегот на популарниот туристички регион Малабар, беа евакуирани 40.000 луѓе, кои сега се сместени во 350 кампа.
„Нашата земја е во невиден хаос поради поплавите“, изјави денес претседателот на локалната власт на Керала, Пинараи Виџајан. „Првпат во историјата моравме да отвориме 27 брани во државата. Никогаш досега не сме доживеале ваква катастрофа“.
Kerala witnessed one of the worst floods and India Today brings to you exclusive details of the same from Ground Zero. #ITVideo
More Videos: https://t.co/Nounxo6IKQ pic.twitter.com/3hY83UcUdk— India Today (@IndiaToday) August 13, 2018
Индиското Министерство за внатрешни работи објави дека на теренот излегле повеќе од 400 спасувачи, придружувани од офицери на армијата, морнарицата и крајбрежната стража.
Иако дождот ослабе во последните неколку дена, метеоролозите предупредија дека очекуваат нови поројни дождови. Индиското Министерство денеска соопшти дека најмалку 774 луѓе загинаа во монсунските дождови во седум држави, според „Тајмс оф Индија“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Хрватска го враќа задолжителниот воен рок

Хрватската влада денеска до тамошниот законодавен дом го испрати предлогот за измени на Законот за одбрана и Законот за служба во вооружените сили, со кои, меѓу другото, повторно се воведува задолжително основно воено оспособување.
Во образложението, премиерот Андреј Пленковиќ посочи дека Владата смета дека овие документи се неопходни, имајќи ги предвид значително променетите глобални безбедносни околности.
Тој потсети дека Хрватска од 2008 година има суспендирана одлука за задолжителна воена служба и дека со овие измени ќе се создадат предуслови младите генерации да стекнат потребни вештини, што ќе ја зајакне силата на Хрватската војска.
Фото: ЕПА
Свет
ЕУ објави 2,3 милијарди евра помош за обнова на Украина

Европската комисија денес објави 2,3 милијарди евра поддршка за Украина за да ѝ помогне да се обнови од штетите предизвикани од руската инвазија. Средствата вклучуваат 1,8 милијарда евра гаранции за кредити и 580 милиони евра грантови од меѓународни и билатерални јавни финансиски институции, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на конференција во Рим за плановите за обнова на Украина.
Вкупниот износ од 2,3 милијарди евра е дел од инвестициската рамка за Украина. Фон дер Лајен рече дека се очекува рамката да мобилизира до 10 милијарди евра инвестиции во Украина.
Шефицата на ЕК исто така најави формирање нов фонд за обнова на Украина, поддржан од Европската инвестициска банка, Франција, Германија, Италија и од Полска. Со почетен капитал од 220 милиони евра фондот има цел да мобилизира 500 милиони евра до 2026 година, соопшти Комисијата.
Свет
Заменик-рускиот министер: Администрацијата на Трамп е контрадикторна

Заменик-министерот за надворешни работи, Сергеј Рјабков, денес изјави дека контрадикторните постапки и зборови на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја отежнуваат работата, иако Москва е посветена на подобрување на односите со Вашингтон.
„Администрацијата на Трамп е многу контрадикторна во своите постапки и изјави. Ова не ја олеснува работата“, изјави Сергеј Рјабков, цитиран од државната новинска агенција ТАСС.
„Сепак, ние упорно и доследно го следиме правецот кон нормализација на нашите односи“, додаде тој.
Рјабков рече дека Русија знае како да се спротивстави на какви било можни дополнителни санкции од Вашингтон, објави новинската агенција „Интерфакс“.
„Знаеме како да се спротивставиме на санкциите. Можеме да видиме дека развивме алатки и шеми во последните години. Ова во голема мера задоволува одредени мерки преку замена“, рече Рјабков.