Свет
Лидерот на Иран ги забрани сите разговори со Америка
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хаменеи, денеска забрани какви било директни разговори со САД, објави државната телевизија.
Хаменеи со овој потег ја одби понудата за разговори без предуслови со Техеран, која минатиот месец му ја упати американскиот претседател Доналд Трамп .
„Забранувам какви било разговори со Америка. Америка никогаш не го одржува ветувањето дадено во разговорот. Од неа доаѓаат само празни зборови и никогаш не отстапува од нејзините цели во разговорите – изјави иранскиот врховен лидер.
На 7 август САД повторно воведоа серија санкции против Иран, кои беа укинати со договорот за ограничување на иранската нуклеарна програма.
Поради санкциите, Техеран е спречен да тргува во долари или скапоцени метали, а ограничени се и трансакциите во иранскиот ријал, како и трговските активности на други земји со Иран.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Со возило удрил во куќа, па почнал да напаѓа луѓе со меч во Лондон, има повредени
Неколку лица, меѓу кои и двајца полицајци, се повредени во нападот што се случи во североисточен Лондон во близина на фреквентна станица на метрото.
Како што објави SkyNews, маж кој носел меч најпрво удрил со своето возило во куќа, а потоа со мечот ги повредил минувачите и полицајците кои се обиделе да го задржат.
Се се случило околу 7 часот утринава, а на терен се голем број полицајци.
Метро станицата Хаинолт веднаш била затворена, пренесува Телеграф.
Регион
„Мислев дека регалот ќе падне врз мене“ – жена од Србија сведочи за силниот земјотрес
Земјотресот беше многу силен. Кратко, но силно, вели вознемирената Мила Петровиќ од Кладово – место кое утрово го погоди силен земјотрес.
Како што опишува преплашената жена, земјотресот ја исплашил и неа, но и останатите жители на Кладово.
„Мислев дека регалот ќе падне врз мене. Немаше време за бегство никаде. Сè се тресеше многу. За среќа, тоа беше кратко. Кога се смири, сите излегоа на улица“, раскажува таа за Телеграф.рс.
Земјотресот бил со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала, на длабочина од 11 километри.
Колку бил силен, сведочи и фактот што бил почувствуван во Заечар, Неготин, Доњи Милановац, Бор и други градови на истокот на Србија, а некои граѓани го почувствувале и во Ниш.
„Почувствував земјотрес, се тресеше мебелот во куќата“, „Бев во кревет кога почна тресењето“, напишаа граѓаните.
Свет
Русија загуби стратешки важен остров
Украина во неделата објави дека ја вратила контролата врз тактички важниот остров Нестрих. Капетанот Дмитро Плетенчук, портпарол на Јужната оперативна команда на украинските вооружени сили, изјави за украинската радио станица Хромадске Радио дека контролата на островот во реката Днепар во регионот Херсон значително ќе ги зголеми контрадиверзантските мерки на Киев.
Откако рускиот претседател Владимир Путин започна инвазија на Украина во февруари 2022 година, неговите сили брзо зазедоа големи делови од Херсон. Сепак, Украина започна контраофанзива во регионот подоцна истата година во која нејзината армија го ослободи северен Херсон на десниот брег на Днепар. Оттогаш, украинските сили започнаа редовни напади преку реката, вклучително и воспоставување на повеќе мостови на источниот брег во есента 2023 година.
Плетенчук изјави за радио Хромадске дека островот Нестриха, кој се наоѓа на околу 20 километри југозападно од градот Херсон, има „тактичко значење“. Тој додаде дека „битни се сите локации кои го спречуваат непријателот да се приближи до позициите“.
„Со оглед на тоа што непријателот вообичаено користи слични локации (всушност има многу такви острови на реката Днепар) за да се доближи и да постави минофрлачи, тогаш ова е првенствено важно за квалитетот на антидиверзантските мерки“, рече Плетенчук. „Значи, да, ова место е исчистено од непријателско присуство.