Спорт
Спалети го продолжи договорот со Интер
Интер потврди дека Лучано Спалети потпишал нов тригодишен договор со што ќе остане на клупата на „нераѕурите“ до 2021 година.
Поранешниот тренер на Рома ги предводеше Интер до пласман во Лигата на шампионите во првата сезона на чело на клубот благодаре…


Интер потврди дека Лучано Спалети потпишал нов тригодишен договор со што ќе остане на клупата на „нераѕурите“ до 2021 година.
Поранешниот тренер на Рома ги предводеше Интер до пласман во Лигата на шампионите во првата сезона на чело на клубот благодарение на драматичната 3:2 победа над Лацио во последното коло од лигата, по што ова лето ги донесоа Раџа Наинголан, Лаутаро Мартинез, Стефан де Фрај, Шиме Врсаљко и Кеита Балде за засилување на тимот.
„Сакам да се заблагодарам на сопствениците, на целото семејство Жанг што ми дава доверба за градење на овој тим. Ова беше само официјална потврда на тоа што го кажав и претходно – дека останувам со Интер на долги патеки“, изјави 59-годишниот Италијанец.
? | Continuing together!
Luciano #Spalletti has extended his contract with Inter until 2021!
? https://t.co/PJHIQyb1m7 #InterIsHere ⚫️?#ForzaInter #FCIM pic.twitter.com/qLbbFjxeyG
— Inter (@Inter_en) August 14, 2018
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
„Грилиш мора да ја врати страста кон фудбалот“

Џек Грилиш мора повторно да ја открие својата страст кон фудбалот ако се надева дека повторно ќе игра, изјави менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, на прес-конференција во Филаделфија.
Манчестер сити го отвора клупскиот Мундијал ќе го отвори против Видад Казабланка, а Гвардиола на новинарите им откри зошто Грилиш не е со тимот во САД.
„Џек е исклучителен играч, но решивме дека е подобро за него да остане во Англија и да има место каде што може повторно да открие каков беше во годината кога ја освои тројната круна или во текот на целата кариера во Астон Вила“, објасни шпанскиот стручњак.
Грилиш пристигна во Сити во летото 2021 година од Астон Вила за 117 милиони евра, а се истакна со освојувањето на Лигата на шампионите, Премиер лигата и ФА Купот во 2023 година. Во последните две сезони, тој постигна само четири гола во лигата, а во сезоната што штотуку заврши, имаше само 16 настапи во сите натпреварувања.
„Без него, ќе беше потешко да се постигне она што го постигнавме, но факт е дека во последните две сезони не играше многу минути. Мора да му се врати на фудбалот и да има пеперутки во стомакот дека сака да игра на секои три дена“, истакна Гвардиола.
Грилиш неодамна беше критикуван за неговиот екстравагантен начин на живот и се шпекулира дека неговата иднина на „Етихад“ е под знак прашалник. Тој е под договор до летото 2027 година, а неговата пазарна вредност денес е 28 милиони евра.
Спорт
(Видео) Уште едно фијаско на клупскиот Мундијал

Светското клупско првенство на ФИФА продолжува да ги поместува „стандардите“.
Откако неколку натпревари се одиграа пред полупразни трибини, се случи еден натпревар да се игра пред речиси празен стадион.
Никој во САД, не сакаше да го гледа во живо дуелот помеѓу претставниците на Африка и Азија, Мамелоди Сандаунс и Улсан.
Пред почетокот на натпреварот во Орландо, еден новинар изброи помалку од 100 присутни гледачи на трибините.
I count 97 people at Ulsan vs Mamelodi Sundowns here in Orlando
This has to be the worst attendance of the 2025 FIFA Club World Cup so far? pic.twitter.com/2TkHskwMC4
— Maher Mezahi (@MezahiMaher) June 17, 2025
Откако почетокот на натпреварот беше накратко одложен, тој конечно започна, а организаторот официјално објави дека 3.100 гледачи го следеле натпреварот, на стадионот со капацитет од 25.000.
Натпреварот заврши со победа на Мамелоди од 1:0, со голот на Рајнерс во 36-та минута.
Спорт
Митровиќ на радарот на Реал Мадрид

По повеќе од три години, српскиот фудбалер би можел да се врати во Европа, ни помалку ни повеќе, туку во редовите на Реал Мадрид.
Како што пишуваат помалку познатите шпански медиуми, новиот тренер на Реал, Чаби Алонсо, бара напаѓач, кој би бил „џокер од клупата“, како што беше Хоселу пред една година.
Медиум близок до мадридскиот гигант тврди дека еден од кандидатите е 30-годишен Србин.
Неколку часа по оваа објава, тренерот на неговиот Ал Хилал, Симоне Инзаги, откри дека капитенот на Србија нема да игра против „кралскиот клуб“ на премиерата на Светското клупско првенство (среда 21 часот).
Митровиќ никогаш не играл во Шпанија во својата кариера, по Партизан беше член на Андерлехт, потоа се пресели во Англија во Њукасл, а потоа во Фулам на инсистирање на тогашниот тренер Славиша Јокановиќ.
Во тимот од Лондон ги одигра најдобрите натпревари (206 натпревари, 111 гола, 21 асистенција), пред да се пресели во Саудиска Арабија на врвот на својата кариера, каде што доминираше во претходните две сезони, 79 натпревари, 68 гола, 15 асистенции.
Митровиќ е најдобриот стрелец во историјата на српската репрезентација со 62 гола на точно 100 настапи.