Контакт

Вести

Северна Кореја лансираше ракета со долг дострел

Објавено пред

Северна Кореја ја лансираше ноќта кон неделата по средноевропско време ракетата со долг дострел и покрај санкциите од Обединетите нации кои ѝ забрануваат употреба на балистичка ракетна технологија, објавија  јужнокорејското министерство за одбрана и јапонската влада.

dobivaj vesti na viber

Северна Кореја ги извести соодветните агенции на Обединетите нации дека планира да лансира ракета која со себе во орбитата ќе искачи сателит за набљудување на Земјата, во периодот меѓу 8-ми и 25-ти февруари, но во саботата ја промени одлуката за 7-ми и 14-ти февруари, а експертите претпоставија дека лансирањето ќе следи веќе во недела.

Тоа предизвика жестоки реакции од Јужна Кореја и Јапонија, која распореди и разурнувачи во Кинеското Источно Море за соборување на ракетата доколку претставува опасност за јапонската територија, како и на новиот сојузник САД, кои сметаат дека станува збор за тестирање на балистички проектил со долг дострел кој може да понесе нуклеарна боева глава и да достигне до американските брегови.

„Северна Кореја лансираше ракета со ‘сателит’ во насока на префектурата Окинава. Силите за самоодбрана (официјалниот назив за јапонската армија – з.р) од утрото во неделата се подготвени за пресретнување на ракетата, доколку летот ја загрозува територија на Јапонија“, се истакнува во соопштението на кабинетот на јапонскиот премиер Шинзо Абе.

Јапонската телевизија NHK објави дека ракетата била лансирана кон југ, како што било планирано, и оти го надлетала јужниот јапонски остров Окинава. Потоа траекторијата на летот претпоставува прелет во близина на островот Сакишима, а откако првата фаза паднала кај јужнокорејскиот брег, втората фаза од ракетата треба да падне во Тихиот Океан во водите на Филипини, според податоците што Пјонгјанг ги доставил до Меѓународната унија за телекомуникации и Меѓународната поморска организација (IMO).

Пјонгјанг го извршил лансирањето на проектилот со долг дострел од полигонот за тестирања Сохеи во северозападниот дел на Северна Кореја. Лансирањето се случило во 9,31 часот по локално време, односно 1,16 часот во неделата по македонско време, објави јапонската влада преку системот за предупредување Ј-Alert.

Министерството за одбрана на Јужна Кореја објави дека првата фаза од балистичкиот проектил паднал во Жолтото Море, во близина на јужнокорејскиот брег. Според податоците на министерството, неколку минути подоцна во областа на јужнокорејскиот остров Чеџудо се урнал елемент од заштитниот екран, кој се инсталира околу сателитот, пренесува јужнокорејската агенција Yonhap.

Јапонскиот премиер Шинзо Абе изјави дека лансирањето од страна на Пјонгјанг е „апсолутно неприфатливо“. „Лансирањето на ракета со долг дострел претставува кршење на резолуциите на Советот за безбедност на ОН. Повеќепати од Северна Кореја баравме да покаже воздржаност“, изјави Абе за новинарите на брифинг во неговиот кабинет.

Елементи од проектилот не предизвикале никакви штети на територијата на Јапонија, изјави на вонредната прес-конференција генералниот секретар на јапонската влада Есихиде Суга. „До моментов елементи од ракетата не паднале на наша територија“, рече Суга. Поради тоа јапонското министерство за одбрана не преземало дејствија за пресретнување на севернокорејскиот проектил или уништување во воздух на неговите елементи, додал министерот за одбрана Гин Накатани, потврдувајќи дека тој веќе минал низ воздушниот простор над архипелагот Сакишима. Точно пред еден месец Северна Кореја објави дека „успешно“ тестирала хидрогенска бомба, но експертите се убедени дека станува збор за четврто тестирање на атомска бомба. Се верува дека Пјонгјанг работи на мали нуклеарни боеви глави кои може да се монтираат на ракетите, но многу стручњаци сметаат дека уште е далеку од усовршувањето на таквата технологија.

Досега Северна Кореја покажа две верзии на балистички ракети кои се слични на типот кој може да го достигне Западниот брег на САД, односно имаат дострел од 10.000 километри, но досега нема докази дека тестирала такви проектили.

Изолираната комунистичка Северна Кореја тврди дека има суверено право да продолжи со својата вселенска програма. Меѓутоа, со резолуциите на Советот за безбедност при ОН тоа ѝ е забрането, поради забраната за нуклеарни и тестирања за употреба на балистичките ракети со долг дострел.

Последен пат Северна Кореја лансираше ракета со долг дострел во декември 2012 година, кога, како што тврди, во орбитата постави телекомуникациски сателит.

Јужна Кореја, САД и Јапонија веднаш по лансирањето во неделата побараа свикување итен состанок на Советот за безбедност на ОН. Дипломати во изјави за Reuters, говорејќи под услов да останат анонимни, рекле дека состанкот веројатно ќе се доржи во 16 часот по средноевропско време во седиштетот на светската организација во Њујорк./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 минути

(Видео) Мицкоски: Не прифаќаме наметнувања под маска на европскиот процес

Не прифаќаме наметнувања под маска на европскиот процес, изјави премиерот Христијан Мицкоски, на заедничката прес – конференција со еврокомесарката за...

Топ3 часа

Го удрил со тупаница докторот што му давал лекарска помош, а потоа тепал и полицајци: предложен притвор за 28-годишник

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило дело – Напад врз...

Македонија5 часа

Арсовска со отворено писмо до Михалис Рокас: Во секоја држава има мафија, само во Македонија мафијата си има своја држава

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска упати отворено писмо до Михалис Рокас, Амбасадор на Европската Унија во Македонија. „Почитуван господин...

Свет5 часа

Трамп остро му одговори на Маск: Без субвенции, би се вратил дома, во Јужна Африка

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно јавно го нападна Илон Маск, тврдејќи дека без владини субвенции, шефот на „Тесла“, „Спејс Екс“...

Свет5 часа

Маск жестоко го нападна законот на Трамп: „Ќе изгубат, дури и ако ми е последно“

По објавувањето на неговото повлекување од политичкиот свет, милијардерот и основач на Тесла, Илон Маск, речиси веднаш се врати во...

Свет6 часа

Трамп потпиша укинување на санкциите против Сирија

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера потпиша извршна наредба со која се укинуваат санкциите на САД врз Сирија, со што се...

Свет6 часа

Палестинците во Газа протестираа со фотографии од убиени израелски деца

Група Палестинци во Појасот Газа покажаа слики од израелски деца убиени од Хамас на 7 октомври 2023 година, за време...

Македонија17 часа

Мицкоски-Кос: нагласена определбата на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински реформи

Премиерот Христијан Мицкоски, денес во Скопје оствари средба со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, која престојува во...

Македонија20 часа

Достапни се лековите за третман на онколошки заболувања, сите пациенти ја добиваат потребната терапија, вели директорот

Од Клиниката за радиотерапија и онкологија информираат дека сите пациенти ја добиваат потребната терапија и дека се достапни лековите за...

Македонија21 час

Нема повредени лица во запалениот глисер во Охридското Езеро

Денеска во 10,30 часот, во полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, пријавено е дека на пловен објект глисер кој...

Македонија23 часа

(Видео) Филипче: Македонија заложник на туѓи агенди – ЕУ алармира на влијание од Србија, Унгарија, Русија и Кина

СДСМ од првиот ден предупредуваше дека Владата на ВМРО ДПМНЕ ја става државата во заложништво на други држави – наместо...

Македонија23 часа

Директор и вработени во Општината и во Министерството пустошеле во Националниот парк Маврово, заработиле над 3 милиони денари

Полицијата поднесе кривична пријава за вработен во Општина Маврово Ростуше, директор во ЈУ Национален парк Маврово, раководител на одделение за одржливо...

Македонија1 ден

Пожар на глисер во Охрид

Утрово се запали глисер во Студенчишкиот Канал во Охрид. Според првичните информации, пламенот се појавил кога сопственикот го стартувал моторот,...

Македонија1 ден

Муртезани: 150 институции и над 800 експерти ќе учествуваат во подготовката на преговарачките позиции со ЕУ

Пред една година започнавме со јасна цел: да ѝ дадеме нов импулс на европската агенда на земјава. Денес, по 12...

Македонија1 ден

Опасен пожар во близина на границата со Грција: се слуша пукање од муниција, постои опасност од неоткопани гранати

Пожар се шири во близина на границата со Грција. Од Центарот за управување со кризи велат дека пожарот се развива на...

Македонија1 ден

Латас го спомена таткото на Костадин Костадинов, па доби закана: „Цела фамилија те чекаме, со наш суд“

Навреди и закани помеѓу Драган Павловиќ-Латас и струмичкиот градоначалник од СДСМ, Костдин Костадинов, откога новинарот во јавно излагање на поткаст...

Македонија1 ден

Десетгодишно девојче од Македонија се удави во Италија

Десетгодишно девојче од Македонија се удави во реката Пјаве, во близина на Тревизо. Како што јавуваат италијанскитее медиуми, девојчето се...

Регион1 ден

Полицијата во Белград ги отстрани блокадите: оштетено полициско возило, повеќе уапсени

Српското Министерство за внатрешни работи објави дека полицијата ги отстранила сите блокади на патиштата во Белград во текот на ноќта....

Свет1 ден

(Видео) Маж намерно запалил пожар во Ајдахо, па убил двајца пожарникари: пронајден мртов

Двајца пожарникари беа застрелани и убиени додека се бореа со шумски пожар во северниот дел на Ајдахо, соопшти канцеларијата на...

Европа1 ден

Кремљ: Брзината на преговорите за завршување на војната во Украина зависи од ставот на Киев

„Брзината на преговорите за завршување на војната во Украина зависи од позицијата на Киев, ефикасноста на американското посредништво и ситуацијата...