Црна хроника
Две жени од дијаспората доживеале незгода со трактор во Требеништа
Две жени по потекло од селото Тренебишта, со живеалиште во САД и Австралија, доживеале несреќа со трактор, соопшти МВР.
„На локалниот пат Требеништа-Ливоишта, Р.Ј. (67) од Требеништа, со живеалиште во САД, управувајќи трактор „имт“, изгубила контрола над тракторот и тој почнал да се движи назад. Во тој момент сопатничката В.М. (62) од Требеништа, со живеалиште во Австралија, паднала од тракторот и со задното тркало тракторот поминал преку неа“, соопшти МВР.
Во незгодата В.М. добила тешки телесни повреди по што била пренесена во болницата „Св. Еразмо“, но поради сериозноста на повредите, била префрлена на Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со возило излетале на патот кон Пробиштип, тешко повредена сопатничката
Вчера во 15.20 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека на регионалниот пат од с.Неокази кон Пробиштип, патничко возило „форд“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од Г.П.(65) од Пробиштип, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката М.П.(66) од Пробиштип, констатирани во Општа болница Кочани.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Пробиштип.
Црна хроника
Почина 56-годишна жена, излетала со возилото на пат во Гевгелиско
Вчера во 07.00 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на автопат А1, на делницата од клучка с.Прдејци до клучка с.Смоквица, патничко возило „шкода“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од В.К.(56) од Гевгелија, излетало надвор од патот.
Од здобиените повреди на местото починала В.К., а смрт констатирал лекар од Медицински центар Гевгелија. Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и екипа на ОВР Гевгелија. По наредба на обвинител телото на починатата било предадено на обдукција.
Црна хроника
Приведен шверцер, пронајдени осум мигранти од Сирија
Денеска во 01.15 часот во близина на с.Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица го лишиле од слобода Д.Б.(25) од Република Турција. При преглед во возилото „шкода фабиа“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени осум лица мигранти од Сирија.
Лицето било задржано во полициска станица, а мигрантите и возилото биле пренесени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.