Македонија
Од Здружението на лекари специјализанти тврдат дека плата добиваат само околу 100 специјализанти
Од Здружението на лекари специјализанти (ЗЛС) преку објава на официјалната фејсбук-страница реагираа на изјава од министерот за здравство во која, како што наведуваат оттаму, тој рекол дека исплатени се 340 специјализанти, кои почнале да добиваат плати за својата работа и дека треба да се исплатат уште 92 специјализанти запишани од тековната година, кои не биле вкалкулирани во буџетот донесен при крајот на 2017.
Поради ваквата изјава, од ЗЛС реагираат и апелираат до здравствените власти да не се манипулира со бројките на исплатени специјализатни.
„Министерството и ФЗОМ одобрија исплата на надоместок за 200 специјализанти од постарите генерации, а не за 340 како што се наведува во изјавата. Остварувањето на исплатата на тековните приватни специјализанти во реалноста е процес кој сè уште целосно не започнал“, се наведува меѓу другото во реакцијата.
Од ЗСЛ додаваат дека за 200 специјализанти за кои е одобрено да земаат надоместок од месец март, исплатата на речиси половина од нив воопшто не е започната.
„На околу 100 специјализанти до ден денес клиниките им немаат исплатено ниту денар плата, иако буџетските средства се одобрени. Образложението кое овие специјализанти го добиваат од клиниките е дека потребно е најпрво Министерството за здравство, Министерството за финансии и ФЗОМ да достават согласности за нивното исплаќање. Нивните документи веќе трет месец се заглавени во административен лавиринт, кружејќи од институција до институција и назад, додека континуирано секоја институција ја префрла вината на друга“, стои во објавата на фејсбук-страницата на ЗЛС.
Од Здружението на лекари специјализанти бараат од здравствените власти да им дадат одговор на неколку прашања:
– Кои се тие 340 специјализанти кои почнале да добиваат плата, кога вистината е дека одобрени се плати за 200 специјализанти, а реално почната е исплата само на половина од нив?
– Доколку бил обезбеден буџет за 340 специјализанти, а само за 200 е одобрено право на исплата, зошто толку долг застој и барање дополнителни буџетски средства за генерацијата 2018 година?
– Која е причината за застој од пет месеци за исплата на плати на останатите 100 специјализанти?
– До кога ќе треба проблемите во здравството да се решаваат со писма до премиерот и до кога ќе се гази по достоинството на лекарите специјализанти?
Притоа оттаму бараат да се пристапи сериозно кон решавање на проблемите и секој специјализант конечно да биде соодветно вреднуван за својот труд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Гаши на Националниот молитвен појадок во САД
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на Националниот молитвен појадок (National Prayer Breakfast) во Вашингтон.
Се работи за традиционален и значаен настан што ги обединува политичките, верските и општествените претставници, истакнувајќи ги вредностите на дијалогот, взаемното почитување и моралната одговорност во лидерството.
На оваа церемонија се обрати и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
Од Собранието велат дека учеството на Гаши претставува можност за зајакнување на пријателските односи и за афирмирање на улогата на Република Северна Македонија како активен, присутен и почитуван партнер во меѓународната соработка.
Македонија
Се оддалечуваме од Европа поради политиките на власта, му рекол Филипче на известувачот Томас Вајц
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска одржал состанок со постојаниот известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц. На состанокот, како што информираа од партијата, станало збор за актуелната политичка состојба и за евроинтеграцискиот процес на државата.
Филипче изразил благодарност за ангажманот на ивестувачот на ЕП, Вајц, во следењето на процесот, како и за поддршката на Европската Унија и Европскиот Парламент за европската перспектива на нашата држава.
„На средбата, Филипче посочи дека статусот во кој се наоѓа евроинтеграцискиот процес на Македонија е сериозно загрижувачки, реформската агенда е закочена, реформите не се спроведуваат, а власта не покажува волја за продолжување на европскиот пат. Тој додаде дека наместо напредок кон европскиот пат, државата поради политиките на власта се соочува со стагнација, блокирани реформи и политики кои ја оддалечуваат државата од европските стандарди“, велат од СДСМ.
Филипче нагласил и дека европската интеграција за Македонија значи процес што го зајакнува владеењето на правото, гради функционални институции и обезбедува подобар живот за граѓаните, а Македонија заслужува да се движи напред, а не да губи време и да остане изолирана.
Воедно, Филипче порачал дека СДСМ останува цврсто посветена на европските вредности и реформи, бидејќи иднината на Македонија во Европската Унија, тоа е клучот за подобра, праведна, просперитетна и напредна држава, за подобра иднина за сите граѓани.
Македонија
За возачка дозвола доволно е завршено основно образование, рече Јаневска по протестите
Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека за полагање возачки испит е потребно најмалку завршено основно образование, нагласувајќи дека државата обезбедува можности.
„Образованието е бесплатно и за оние што ја надминале возраста, така што до 29 години тие преку Центарот за образование добиваат едукација. Сме имале и проекти со наши странски партнери преку кои Ромите што биле заинтересирани да го дополнат своето образование добиле некаква едукација соодветна на барањата на пазарот на трудот, нивните лични потреби итн“ рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање. Додаде и дека Министерството финансира околу 40 ромски медијатори со цел зголемување на опфатот и редовното присуство на ромските деца во училиштата.
Изјавата доаѓа по протестите на граѓани кои побараа ослободување од обврската за полагање возачки испит бидејќи немаат неопходен степен на образование, а автомобилите им се неопходни.

