Спорт
Толку „бучава“, за на крајот Милинковиќ-Савиќ да си остане во Лацио
Како и минатото лето, и во јануари, српскиот играч од средниот ред на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ беше еден од играчите околу кого се вртеа неверојатни суми (од 100 милиони евра нагоре), за по крајот на преодниот рок во Италија, тој да си остане во …


Како и минатото лето, и во јануари, српскиот играч од средниот ред на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ беше еден од играчите околу кого се вртеа неверојатни суми (од 100 милиони евра нагоре), за по крајот на преодниот рок во Италија, тој да си остане во Лацио.
Реал Мадрид, Манчестер јунајтед, Пари Сен-Жермен и на крајот Милан, имаа неофицијални понуди за популарниот СМС, со последната од Милано за неверојатни 40 милиони евра за едногодишна позајмица. На крајот, ништо.
Спортскиот директор на Милан, Леонардо, кој неодамна изјави дека нормално дека би го сакал Милинковиќ-Савиќ во тимот но едноставно нема пари, сега вели дека тие воопшто не дале понуда за Србинот, кому сега му претстои уште една сезона на „Олимпико“.
Контроверзниот претседател на Лацио, Клаудио Лотито, се гордее со тоа што е „најтешкиот преговарач“ во Италија, во спротивност на соседите Рома, кои во последните сезони мораа да се бранат дека не се „супермаркет“ по продажбата на фудбалери како Мо Салах и Раџа Наинголан. Лотито уште е во конфликт со македонскиот репрезентативец Горан Пандев, кој мораше со арбитража да бара да биде ослободен од договорот со „лацијалите“.
Милинковиќ-Савиќ е несомнено талентиран фудбалер, но сумата од 150 милиони евра, и покрај денешниот „напумпан“ пазар едноставно е нереална. За него речиси сигурно ќе биде добро да остане уште една година на „Олимпико“ за да ги подобри своите способности, но една година е многу во светот на фудбалот, и кој може да гарантира дека СМС ќе привлече исто внимание и во 2019, за Лацио да може убаво да „искешира“?
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
22 милиони евра за трансфер: Бијол потпиша договор со Лидс

Поранешниот фудбалер на Удинезе и словенечки репрезентативец Јака Бијол потпиша договор со повратникот во Премиер лигата, Лидс Јунајтед, до 2030 година, објави денес англискиот клуб.
Финансиските детали не се откриени, но британските медиуми наведуваат дека Лидс издвоил 22 милиони евра за овој трансфер.
Бијол (26) е член на Удинезе од 2022 година, а пред тоа играше за Хановер, ЦСКА Москва и Рудар од Велење.
Минатата сезона за клубот од Удине одигра 37 натпревари во сите натпреварувања и постигна два гола.
Спорт
Монеке во Звезда

Неодамнешниот кошаркар на Басконија, Чима Монеке, ќе стане нов играч на Црвена Звезда, со која ќе потпише двегодишен договор, објавува грчкиот „Јурохупс“.
Црвено-белите на тој начин ќе се засилат на позицијата „четворка“, а се очекува наскоро и Семи Оџелеј од Валенсија да го потпише договорот.
Монеке е член на Басконија од 2023 година, а пред тоа кратко играше за Монако.
Една сезона беше и во НБА лигата, каде го носеше дресот на Сакраменто Кингс.
Едно време, во Лигата на шампионите на ФИБА 2022, кога играше за Манреза, беше прогласен за најдобар играч на тоа натпреварување.
Спорт
Плоштад Санти Казорла

Градот Овоедо на посебен начин ќе му се одолжи на Санти Казорла, 40-годишениот фудбалер, кој во саботата со Реал Овиедо по 24 години се врати во елитниот ранг на шпанскиот фудбал.
Кога Казорла имал 16 години, клубот од неговиот роден град испадна во Сегунда, во 2003 година се беше пред банкрот и гаснење,.
Клубот успеа да опстане се пресели во Третата лига, но финансиските проблеми повторно му се заканија на клубот во 2012 година. Навивачите тогаш собираа пари, а им се приклучија и ентузијасти, поранешни фудбалери меу кои и Казорла.
Санти Казорла, потоа реши да се врати дома, одбивајќи неколку финансиски одлично понуди.
Тој ги окарактеризира финалните натпревари од плејофот како најголеми во неговата кариера, а во кариерата два пати бил европски првак со Шпанија.
Затоа, градоначалникот на Овиедо, Алфредо Кантели, одлучи името на Казорла засекогаш да биде поврзано со градот.
Плоштадот и фонтаната каде што навивачите на Овиедо обично ги слават победите повеќе нема да се нарекуваат „Плоштад Америка“, туку „Плоштад Санти Казорла“.
🔵 ¡ÚLTIMA HORA! El Alcalde de Oviedo, Alfredo Canteli, anuncia que la 'Plaza América' de Oviedo pasará a llamarse 'Plaza Santi Cazorla' pic.twitter.com/LlihTcQ9PR
— Tiempo de Juego (@tjcope) June 22, 2025