Македонија
Притвор и истрага за убиство за осомничениот што нападна 66-годишен скопјанец
Надлежен обвинител од скопското обвинителство постапувајќи по кривичната пријава поднесена од МВР, донесе наредба за истрага против едно лице за кривично дело „Убиство“ од член 123 ст.1 од Кривичниот законик.
Осомничениот на 3 август 2018 година, околу три часот по полноќ, во алкохолизирана состојба дошол на Кеј „13 Ноември“, пред монтажниот објект – тезга за продажба на книги и списанија каде во тој момент престојувало сега починатото лице и започнал да тропа по прозорците. Откако лицето му отворило, осомничениот започнал да се расправа и без никаков повод и причина физички го нападнал оштетениот удирајќи го во повеќе наврати со тупаници и клоци по телото и главата.
„Од ударите лицето се здобило со нагмечување на мозочната маса и истото со брза помош било пренесено во Ургентниот- хируршки центар – Скопје. Поради влошување на состојбата повредениот е пренесен на Клиниката за неврохирургија каде му била извршена интервенција и е задржан на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување. На 11 август оштетениот им подлегнал на повредите, а дежурен обвинител издаде Наредба за обдукција“, пишува во соопштението на Обвинителството.
„Вчера во попладневните часови напаѓачот е лишен од слобода. Надлежниот јавен обвинител ценеше дека се исполнети законските основи за определување на мерката притвор за осомничениот и достави Предлог до Основниот суд Скопје 1 – Скопје. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителството и на осомниченото лице со Решение му изрече мерка притвор во времетраење од 30 дена“, се додава во соопштението на Обвинителството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

