Македонија
„Тоа се лаги и пропаганда“ – Министерството за здравство ги демантира ВМРО-ДПМНЕ за рокот на инсулинот
Министерството за здравство ги демантира обвинувањата изнесени на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ, во врска со наводна донација на лекови со краток рок од невладина организација во сопственост на министерот за здравство, Венко Филипче.
„Ширењето лажни вести, лаги и пропаганда од страна на ВМРО-ДПМНЕ и нивните портали е со цел оцрнување на работата на министерот за здравство и обид за добивање ситни дневно политички поени кои се загрижени поради успешно водење на здравството во Македонија во изминативе месеци. Невладината организација PHM-CEE од која дел е и Министерот за здравство, Венко Филипче која се споменува во прес-конференцијата и на дел од порталите е дел од голема граѓанска Меѓународна организација. Истата не е во функција повеќе од 1 година“, се вели во реакцијата на Министерството за здравство.
Дополнително, додаваат од Министерството, груба шпекулација е дека сега или било кога во минатото биле донирани лекови и инсулин од страна на невладината организација PHM-CEE.
„Донацијата за инсулин која се споменува на прес-конференцијата за овој период е директна донација од страна на Ново Нордиск. Во врска со наводите за пречекорување на рокот на траење на инсулинот сакаме да потенцираме дека сите пациенти кои се на инсулинска терапија подигнуваат инсулинска терапија која се троши за индивидуални цели и за период од 28-30 дена. Тоа значи дека сите пациенти кои заклучно со денешен датум ќе го подигнат инсулинот истиот ќе го употребат до 15 септември“, додава Министерството.
Тие повторуваат дека во земјава нема инсулин кој е со краток рок. Апелираат и повикуваат, доколку пациентите кои се на инсулинска терапија имаат таков доказ дека им е издаден инсулин со краток рок, веднаш да реагираат во Министерство за здравство.
Оттаму побараа јавно извинување од страна на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, а во спротивно најавија тужба за навреда и клевета.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нова услуга на ЈСП: Онлајн надополнување на картичката
ЈСП воведува нова услуга – онлајн надополнување на картичките за возење.
„Од сега можете онлајн да ја надополните вашата картичка со билети и/или износ (средства) директно преку нашата официјална веб страна skopjebus.mk — без чекање, без редици и без одење до продажно место. Сè што ви треба е телефон или компјутер и неколку минути. Надополнувањето се прави од далечина, брзо и кога вам ви одговара, од удобноста на вашиот дом“, велат од ЈСП.
Од таму додаваат дека со новата услуга се добива онлајн надополнување со билети и/или средства, брза постапка во неколку едноставни чекори, нема редици и нема потреба од физичко присуство, достапно од телефон или компјутер.
Како да надополните картичка?
* Влезете на skopjebus.mk
* Изберете „Надополни картичка“
* Внесете ги потребните податоци за
картичката
* Одберете дали сакате билети или износ
(средства)
* Потврдете и завршете ја постапката
Пробајте ја новата функционалност тука: https://skopjebus.mk/mk/app/cards/load
Македонија
Утре променливо облачно време, попладне дожд
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за повремен локален дожд, информира УХМР.
Претпладне тивко, а попладне ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието умерен повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, ончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен утре кон крајот на денот кога ќе има услови за слаб локален дожд.
До петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Од петок ветерот ќе го смени правецот во југоисточен. За време на викендот облачноста ќе се зголеми.
Македонија
Утре прекинато водоснабдување во делови од неколку скопски општини
Од ЈП Водовод и Канализација известуваaт дека утре ( вторник ) се планирани неколку интервенции и тоа:
· поради изведување на водоводен приклучок на ул.Борис Трајковски 212, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица (место викано Каменик). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.(општина Кисела Вода)
· поради изведување на водоводен приклучок ф-150 мм на ул.Варшавска 4, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Варшавска и дел од бул.8-ми Септември. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности.(општина Карпош)
· поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на ул.Боца Иванова бб(за АБЦ Комерц),
прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Боца Иванова,Томе Пуре, Душко Поповиќ, Александар Бујнов, Бетовенова и дел од Петар Манџуков. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности.(општина Бутел)
· поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на ул.20 –ти Октомври 44 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.(општина Центар)

