Свет
(Видео) Два силни земјотресa од над шест степени ја погодија Индонезија

Индонезискиот остров Ломбок денеска го погодија два силни земјотресa, со јачина од 6,3 и 6,9 степени според Рихтеровата скала, а засега нема информации за нови жртви, освен за едно лице кое утрово загинало по првиот удар, пишува Би-би-си.
Околу 100 домови се сериозно оштетени, а луѓето врескајќи истрчале на улиците.
Првото поместување на земјиштето беше забележано околу 11.30 часот по локално време, а американскиот геолошки институт соопшти дека епицентарот бил на длабочина од седум километри.
Вториот, посилен земјотрес се случи нешто по 22 часот по локално време, на длабочина од 20 километри.
„Возев да испорачам помош за евакуираните, кога одеднаш видов како се ниша елетричниот столб. Луѓето започнаа да врескаат и да плачат. Истрчаа на улиците“, раскажува сведок за новинската агенција „АФП’.
Во Матарам, главниот град на островот, се изгаснале светлата на трговските центри и луѓето истрчале кон отворениот простор, велат очевиците.
„Населението е во паника од претходните земјотреси, а автершоковите никако да сопрат“, вели Ендри Сусанто пред репортерот на „АФП“.
Индонезија во изминатите два месеци ја погодија серија силни земјотреси. На 5 август, во земјотрес од 6,9 степени животот го загубија 460 лица. Претходно, земјотрес со јачина од 6,4 степени на 29 јули, усмрти 16 лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Ирански генерал: Во текот на ноќта уништивме стратешки цели во Израел

Иран објави дека во текот на ноќта уништил стратешки цели во Израел со помош на беспилотни летала, пренесува агенцијата „Франс прес“.
„Различни видови деструктивни беспилотни летала, со можност за прецизно таргетирање, ги уништија стратешките позиции на ционистичкиот режим во Тел Авив и Хаифа“, изјави генерал Киумарс Хеидари, командант на иранските копнени сили.
Израелски воен претставник изјави дека околу 20 проектили биле истрелани во последниот бран ирански напади, од кои повеќето биле пресретнати. Сепак, како што изјави за Би-Би-Си израелски воен претставник, некои проектили поминале низ противвоздушната одбрана и погодиле „отворени области“.
Свет
Иран најави нов напад со дронови

Иран предупреди дека бран беспилотни летала ќе го погоди Израел во наредните часови.
Висок воен командант најави дека нападите ќе се интензивираат.
Иран и синоќа изврши напад кој траеше четири часа. Овој напад беше комбиниран, со беспилотни летала и проектили на бројни цели во Израел, со што започна деветтиот бран ирански напади.
Свет
Русите тврдат дека синоќа уништиле 51 украински дрон

Руските единици за воздушна одбрана уништија 51 украинско беспилотно летало над регионот Белгород, соопшти вчера вечерта руското Министерство за одбрана.
Во последните недели и Русија и Украина користат напади со беспилотни летала на голем број прекугранични цели, па руските сили вчера вечерта извршија таков напад врз Киев и неговата поширока област. Лидерите на Киев досега објавија дека при нападот се повредени најмалку 11 лица, како и дека е уништена инфраструктурата.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека споменатото уништување на украински беспилотни летала се случило вчера, меѓу 20 и 23 часот.
Американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш се осврна на конфликтот меѓу Русија и Украина.
„Убеден сум дека може да се постигне договор со Москва во врска со крајот на конфликтот во Украина. Сè уште чекам да видам дали договорот ќе биде потпишан или не“, изјави американскиот претседател за новинарите.
Фото: илустрација