Регион
(Фото) Претепаната Британка во Сплит раскажува: Беше ужасно, нè заклучија во соба и почнаа да нè тепаат

Полицијата во Сплит потврди дека младата Британка била нападната за време на својот одмор во Сплит во хостелот во кој била сместена со своето момче. Од полицијата информираа дека на 31 минатиот месец добиле пријава по што веднаш биле испратени полициски екипи на самото место, по извршениот увид констатирано било дека девојката и нејзиното момче биле нападнати. По нападот, хостелот во кој биле сместени е затворен.
Британската студентка својата приказна ја раскажа и за британски „Дејли мејл“. „Добив удари со метална шипка“, раскажува 26-годишната Лаура Денмар, за „Дејли мејл“.
Со своето момче Џереми резервиравме сместување преку интернет, се одлучивме за хостелот бидејќи беше поевтино ноќевањето, раскажува Лаура и додава дека веднаш штом пристигнале ѝ станало јасно дека станарите не работат по закон.
Laura Denmar (pictured) was attacked in the Croatian resort of Split when she refused to pay more money for a hostel
The student playwright suffered a gash to the head, a fractured hand and bruising to the arms and bodyhttps://t.co/bp2tGmohdv— soldier of fortune (@tomas04464141) August 19, 2018
Лаура во својата изјава посочува дека кога пристигнале во хостелот и сакале да се пријават на рецепција, таа и нејзиното момче биле препратени во друг хостел да земат клучеви од собата. Откако конечно успеале да ги земат клучевите и се сместиле во својата соба, ги дочекало, вели таа, уште едно изненадување, во хостелот, кој имал околу 30-тина соби на број, имало само еден тоалет, а во хостелот немало ниту одговорни лица.
„Бидејќи немавме друг избор во моментот, а при тоа веќе и плативме за сместувањето, решивме да останеме. На последниот ден дојде една жена која ги чистеше собите и рече дека мораме или веднаш да ја напуштиме собата и да си одиме или да платиме уште пари. Ѝ реков дека нејзиното барање е неразумно и одбив да ѝ дадам повеќе пари, а таа на тоа ми одговори дека ќе повика полиција”, прераскажува Лаура за „Дејли мејл“.
Откако уште од првиот ден бев свесна дека тие работат незаконски, додава Лаура, ѝ реков дека слободно може да ја повика полицијата.
„Наместо полиција, жената повика некој маж, за кој мислам дека беше сопственикот. Се обидовме веднаш да излеземе од собата и да си одиме, но таа ни ја заклучи вратата и немавме излез. Мажот кој го повика дојде со уште еден човек и тие физички го нападнаа моето момче Џереми, додека жената со метална шипка почна да ме удира мене. Ужасно беше,“ раскажува претепаната девојка.
По нападот, Лаура заврши со скршеници на главата, скршена рака и модринки. Нападот освен во полицијата, таа и нејзиното момче го пријавиле и во Амбасадата на Британија, како и на интернет-страницата преку која го пронашле сместувањето.
Таа за крај на својата изјава посочи дека сака да ги предупреди сите туристи од целиот свет за внимаваат при резервирање на онлајн сместување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Грозоморната сцена покажува колку била ужасна несреќата: автобус излета од патот во близина на Чачак, има загинати

Рано утрово, околу 6:40 часот, на државниот пат I Б, на делницата помеѓу Чачак и Краљево, во близина на местото Бресница, се случила тешка сообраќајна несреќа во која загинал еден маж, додека две лица се тешко повредени, известуваат српските медиуми.
Според првичните информации, во несреќата учествувале автобус и патничко возило. Според неофицијални информации, несреќата се случила кога автобусот, откако се судрил со автомобил, излетал од патот и удрил во столб од далновод.
Едно лице почина на местото на настанот, додека две лица беа тешко повредени и префрлени во Општата болница во Чачак. Лекарите моментално вршат дијагностика, а еден од повредените е на скенер, објави српски Телеграф.
Снимките од местото на настанот покажуваат дека несреќата била ужасна.
фото: принтскрин
Регион
Тројца загинати и седум лица во тешка состојба по превртување на автобус кај Сремска Митровица

Состојбата на повредените во тешката сообраќајна несреќа што се случи кај Сремска Митровица, во која животот го загубија три лица, и понатаму е сериозна, изјави денеска директорот на Општата болница во Сремска Митровица, д-р Војислав Мирниќ.
„Хоспитализирани се 39 пациенти. Од нив, седум се со потешки повреди и се наоѓаат на одделенијата за интензивна нега, додека 15 пациенти се подготвени за отпуст,“ рече Мирниќ.
Тој прецизираше дека 13 пациенти од Одделението за општа хирургија и двајца од Одделението за ортопедија се во стабилна состојба и наскоро ќе бидат пуштени дома.
„Се врши дополнителна дијагностика за сите пациенти, а во наредните 48 часа очекуваме уште дел од нив да бидат подготвени за отпуст. Посетите во болницата се дозволени од 14 до 16 часот,“ додаде Мирниќ.
Во несреќата, која се случила на патот меѓу Сремска Митровица и селото Јарак, загинале три лица – две на самото место и едно во болница, од последици на тешките повреди.
Вкупно 61 патник бил прегледан во митровачката болница, а 39 лица биле задржани на лекување. Осуммина се на интензивна нега, дваесетмина на општа хирургија, а единаесетмина на ортопедија.
Еден пациент е префрлен во Ургентниот центар во Нови Сад, а друг во Белград на понатамошно лекување.
Автобусот на превозникот „Сирмиум бус“, кој превезувал работници, под засега непознати околности излетал од патот и се превртел. Возачот на автобусот, Д. К. (1955), е уапсен поради сомнение дека ја предизвикал несреќата во која загинаа три лица. Нему му е одредено задржување до 48 часа, по што ќе биде изведен пред надлежното обвинителство со кривична пријава.
Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.