Регион
(Фото) Црногорската влада објави документ во кој не е исклучена директна воена закана од регионот

Црна Гора не ја исклучува можноста за директна воена закана, иако таа опасност е значително намалена поради местото и значењето што го има за стабилноста на регионот, стои во нацрт-стратегијата за национална безбедност на оваа балканска земја која минатата година е примена во НАТО, пишуваат медиумите во Подгорица.
Во тој документ на црногорската влада, како што пишуваат одделни медиуми во Подгорица, се наведува дека безбедносната ситуација во Црна Гора треба да се гледа во регионален контекст бидејќи таа им припаѓа и на Балканот и на Медитеранот.
Во него се додава дека Црна Гора дели заеднички стратешки пристап кон предизвици, ризици и закани за националната безбедност кои се дефинирани со стратешките документи на НАТО.
„Регионот сè уште е оптоварен со настани од минатото и нерешени проблеми, што може да предизвика дестабилизација во одредени области”, рече тој.
– Како резултат на намалувањето на воените сили во регионот, интеграцијата на земјите во НАТО и во ЕУ, како и развивање на политика на доверба, соработка и партнерство, опасноста од директна воена закана за Црна Гора е значително намалена, но не може да се исклучи – се вели во предлог-стратегијата.
Црногорскиот министер за одбрана, Предраг Бошковиќ, претходно изјави дека главната причина за донесување нова стратегија се изменетите безбедносни околности, не само во Црна Гора, туку и во регионот и во Европа, наведувајќи дека во 2008 година, кога е пишувана последната стратегија, немало ни мигрантска криза ни конфликт во Украина меѓу владата и проруските бунтовници поддржани од Русија.
Црногорскиот парламент треба да разговара за нацрт-стратегијата на националната безбедност на Црна Гора во октомври.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Украинско комбе се судри со руски камион во Словенија, петмина загинати

На автопатот кој ги поврзува Марибор и Љубљана, во близина на излезот Словенска Коњица, во правец на Љубљана, се случи тешка сообраќајна несреќа во која загинаа пет лица, а две се повредени. Несреќата се случила кога патничко комбе удрилo во камион. Сите жртви биле странски државјани, соопшти словенечката полиција, јавуваат медиумите во регионот.
Според досега утврденото, возачот на комбе со украински регистарски таблички, кое превезувало седум лица, поради несоодветна брзина, удрил во задниот дел од приколка која стоела во ред поради работи на автопат. Пет лица загинале во комбето на местото на несреќата.
Возачот, кој ја предизвикал несреќата, е полесно повреден, додека патничка е тешко повредена. Двајцата повредени се пренесени во болница, а тешко повреденото лице е пренесено со хеликоптер. Идентитетот на загинатите сè уште се утврдува.
Возачот на камионот, руски државјанин, не е повреден, но му е понудена психолошка помош поради сериозноста на несреќата, објавува Радиотелевизија Словенија. Несреќата се случила непосредно пред одморилиштето Тепање, на дел од автопатот каде што се во тек големи работи – се реновираат 13 километри пат, два тунела и три вијадукти. Полицијата потврди дека несреќата се случила пред работната зона каде што се формираат долги редици поради затворени ленти.
Фото: принтскрин
Регион
Млад човек се удави во Улцињ: трагедија во Црна Гора

Млад човек се удави во Улцињ денеска, во попладневните часови, јавуваат медиумите во регионот.
Според написите, давењето се случило на „Големата плажа“.
Засега нема информации за идентитетот на загинатиот.
Според последните извештаи било подигнато црвено знаме бидејќи имало големи бранови во морето.
Регион
Србија им препорачува на граѓаните да не патуваат во Хрватска на почетокот на август

Министерството за надворешни работи на Србија им препорача на граѓаните на Србија да се воздржат од патување во Хрватска во периодот од 1 до 10 август.
Во соопштението Министерството им советува на граѓаните што ќе бидат на територијата на Хрватска во тој период да избегнуваат собири и други јавни собири, кои може да носат ризик од инцидентни ситуации.
Во тој период – на 5 август, Хрватска ја одбележува годишнината од воено-полициската операција „Бура“. Прославата се одржува на денот кога завршила акцијата. Во Србија годишнината од „Бура“ е на 4 август, денот кога почнала, како ден на сеќавање на жртвите и протераните Срби.