Контакт

Вести

Кери со челниците на арапските земји од Заливот за договорот со Иран

Објавено пред

Американскиот државен секретар Џон Кери во понеделникот престојува во Катар каде што ги започна разговорите со челниците на арапските сунитски земји во Персискиот залив за да им ги претстави одредбите од нуклеарниот договор со шиитски Иран постигнат во јули во Виена, а незаобиколни теми ќе бидат и борбата против џихадистичката Исламска држава и војната во Сирија.

dobivaj vesti na viber

Повеќето арапски земји од Заливот изразија загриженоста поради договорот меѓу шесте светски сили, меѓу кои и западните земји предводени од нивниот стратешки партнер САД, и Иран од 14-ти јули. Тие сметаат дека договорот ќе влијае врз намалување на тензиите меѓу Техеран и Вашингтон, што Исламската Република Иран би ја зајакнало во економска смила со укинувањето на децениското ембарго, и би ја охрабрило за давање поддршка на своите сојузници паравоени и шиитски влади во регионот.

Американскиот државен секретар Џон Кери во неделата во египетската престолнина Каиро изјави дека САД и натаму Иран го сметаат за држава којашто „го спонзорира тероризмот“, но дека токму затоа е важно да се стори сé Техеран да не дојде во посед на нуклеарно оружје.

„Апсолутно нема дилема дека договорот од Виена, доколку биде во целост применет, Египет и сите други земји во регионот ќе ги направи побезбедни, отколку што би биле без договорот“, изјави Кери на средбата со своите египетски домаќини.

Во Доха Кери се среќава со членовите на Советот за соработка на земјите во Заливот (GCO), кој го сочинуваат Саудиска Арабија, Обединетите арапски емирати, Бахреин, Кувајт, Оман и Катар. Исто така, ќе одржи и трилатерална средба со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, и со шефот на саудиската дипломатија Анде ал-Џубеир. Со нов, според најавите од министерствата, ќе е разговара за војната во Сирија./крај/мф/сн

Извор: Reuters



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион4 часа

Рама: На автопатот кој ги поврзува Дебар и Тирана нема да се наплаќа патарина

На автопатот „Патот на Арбр” (Руга е Арбрит) кој се протега од граничниот премин „Блато” кај Дебар до Тирана нема...

Македонија6 часа

Владата усвои предлог за разрешување на јавниот обвинител Коцевски

Владата на денешната седница го усвои предлогот за разрешување на јавниот обвинител Љупчо Коцевски, a истиот, по завршување на владините...

Македонија9 часа

Маркетите ќе мораат да ги објавуваат на интернет цените на производите

Маркетите отсега ќе мораат да ги објавуваат на интернет цените на производите, со најновите измени на Законот за заштита на...

Македонија10 часа

Неточни се наводите за работата на Министерството за животна средина: Владата ги отфрла шпекулациите

Владата ги провери и затоа ги отфрла шпекулациите и неточните наводи изнесени од СДСМ и ДУИ во врска со работата...

Македонија11 часа

Maкедонската Влада во ОН беше усогласена со САД, Мицкоски ја унапреди соработката, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Премиерот Христијан Мицкоски ја унапреди соработката на Македонија со САД, а СДСМ во очај и љубоморат на сопствената држава, реагира...

Свет11 часа

Украинскиот парламент усвои резолуција со која се потврдува легитимитетот на Зеленски

Украинскиот парламент усвои резолуција со која се потврдува легитимноста на Володимир Зеленски како претседател, а во исто време ја отфрла...

Македонија12 часа

Меџити за обвинувањата: СДСМ и ДУИ се синхронизирани, не може административна работа да се прикаже како голем скандал

СДСМ оди по паметот на ДУИ, синхронизирани се. Не може административна работа или архивска работа да се прикаже како голем...

Македонија14 часа

Финансиската полиција поднесе кривична пријава за даночно затајување

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против Б. Ф. во својство на сопственик и...

Македонија15 часа

Денеска ќе му ги предадеме документите на Мицкоски за скандалот со Меџити, најави СДСМ

СДСМ преку писмено соопштение извести дека денеска во 11 часот, во Владата на Република Северна Македонија ќе му достави документи...

Македонија15 часа

„Каде завршија 1,2 милион евра од граѓаните на Чаир“, прашува ДУИ

„Изјавата на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, дека 1,2 милиони евра собрани од даноците на граѓаните на Чаир не се...

Европа16 часа

Путин го нападна Киев само неколку часа по средбата на Трамп и Макрон: тревога во целата земја, Полска ги подигна авионите

Само неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека рускиот лидер Владимир Путин прави се за да ја прекине...

Свет17 часа

(Видео) Се урна мост, има мртви и исчезнати: се појави снимка од катастрофата во Јужна Кореја, сè падна врз работниците за секунда

Три лица загинаа, а пет се повредени по уривање на градилиште на автопат во јужнокорејскиот град Чеонан, јави новинската агенција...

Регион17 часа

Србија гласаше за европската резолуција за Украина; Вучиќ: Им се извинувам на граѓаните

Србија вчера гласаше за европска резолуција за Украина на Генералното собрание на Обединетите нации. Сепак, претседателот Александар Вучиќ смета дека...

Свет18 часа

(Видео) Макрон: Можен е прекин на огнот меѓу Украина и Русија во наредните недели

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави синоќа дека прекин на огнот меѓу Украина и Русија може да биде договорен во наредните...

Свет18 часа

(Видео) Макрон го прекина Трамп за време на прес-конференција

И покрај огромните разлики во ставовите, Доналд Трамп и Емануел Макрон вчера изјавија дека сакаат да работат заедно за да...

Македонија1 ден

Со лажни финансиски совети, измамници ги празнат кртичките на граѓаните – полицијата вели, вакви измами има сѐ повеќе

Забележан е зголемен број на пријави од граѓани за измама сторена преку социјалните мрежи и телефонски повици од лица кои...

Македонија1 ден

Мицкоски ја повика ДУИ да достави докази за наводната корупција: Апсолутно имам доверба во работењето на господинот Меџити

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека има исклучително блиска и непосредна соработка со министерот за животна средина, Изет Меџити, кого ДУИ...

Македонија1 ден

Македонија е коспонзор на резолуцијата на САД за Украина

Македонија е една од земјите што се коспонзор на предлог-резолуцијата на САД за Украина, а истовремено Европската Унија, предводена од...

Економија1 ден

Не помина предлогот на СДСМ за намалување на ДДВ-то на струјата и храната

Наместо да донесат одлука што директно ќе го олесни товарот врз семејните буџети, пратениците од владејачката коалиција одбија да ги...

Македонија1 ден

Ако маркетите ги објавуваат цените на сите производи на интернет, купувачите ќе бидат заштитени oд скриени трошоци, рече Стојаноски

Mаркетите да ги објвуваат сите цени на веб-страниците со цел подобра информираност на потрошувачот и олеснување на споредливоста на цените,...