Македонија
Кучи ја презентира трговијата седница на земјите во развој без излез на море
Министерот за економија, Дритон Кучи, во четврток и петок престојува во Женева-Швајцарија, каде учествува на Петтата седница на министрите за трговија на земјите во развој без излез на море.
Настанот се организира по повод новата Спогодба за олеснување на трговијата на Светска Трговска Организација (СТО), каде што меѓународните организации ќе понудат концепт на соработка со овие земји врз основа на нивниот статус на ратификација на спогодбата и идентификувани категории за исполнување на условите за нејзина примена. Република Македонија ја заврши постапката на ратификација и го депонира инструментот во СТО за прифаќање на Спогодбата на 19 октомври 2015 година, при што стана 50-та земја што ја заврши обврската. Заклучно со мај, вкупно 79 земји членки на СТО ја имаат завршено постапката на депонирање на инструментот, а минимум број е 107 земји за да може Спогодбата да влезе во сила. Од земјите без излез на море, само 8 земји ја имаат завршено постапката со депонирање.
Министерот Кучи на конференцијата истакна дека Република Македонија како земја без излез на море, внимателно го следи напредокот во преговорите за олеснување на трговијата. Како континентална земја, со отворена пазарна економија, Македонија е многу ранлива на ефикасноста на движење на стоките преку граници, поради што земјата се фокусира кон развој на концепт за олеснување на трговијата, олеснување на царинските формалности и документи кои што претставуваат пречка во трговијата, едношалтерски систем, издавање на лиценци и дозволи, системот за електронско плаќање и влијанието на трговијата следено од бизнис секторот.
Поврзаноста во трговијата со транспортната конективност, учеството на земјите без излез на море во регионалниот и глобалниот синџир на набавки, кој што треба да биде двигател за намалување на трошоците во трговијата и влијанието на новата Спогодба за олеснување на трговијата, беше една од темите на кои се задржа министерот во своето обраќање.
Тој додаде дека Република Македонија сериозно постапува кон овозможување на адекватни услови за бизнисот да се одвива без бариери, без квантитативни ограничувања и други форми на рестрикции. Тоа го покажуваат извештаите на Светска банка и ОЕЦД во извештаите за Република Македонија.
Обемот на трговијата воопшто во изминатите години постојано се зголемува, особено на страната на извозот. Вкупниот обем во 2013 година се зголеми за 4% во споредба со 2012 година, со што извозот е зголемен за 6.6%, а увозот за 1,4%. Во 2014 година, вкупниот волумен се зголеми за 12,8%, со што извозот е зголемен за 15,6%, а увозот за 10,3% во однос на 2013 година за 2015 година, вкупниот обем на трговската размена е зголемена за 7,4%, со што извозот е зголемен за 8,8% и увозот за 5,3%.
На крајот министерот потенцираше дека Република Македонија ќе продолжи да води транспарентен трговски режим целосно компатибилен со правилата и дисциплините на СТО. Договорот за олеснување на трговијата е врвен приоритет во пресрет на развивање на потребните инструменти за трговски прашања ,за поддршка на македонскиот бизнис сектор за подобро разбирање на обврските во договорот и да се обезбеди правилна имплементација под покровителство на државата./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

