Регион
(Фото) Новинарка фрли измет пред владата во Хрватска
Новинарката и активистка Ива Анзуловиќ истури измет пред влезот на зградата на владата на Хрватска. Таа носела маица со слика од починатиот новинар од Вуковар, Синиша Главашевиќ, со натпис: „Ве обвинувам, господа“.
Kanta ‘izmeta’ na Vladu. Upravo.
Jedna prosvjednica upravo pred Vladu istresla kantu punu fekalija. Policija ju je odvela unutra. Pritom nije ništa rekla. Više uskoro #n1info pic.twitter.com/fmlS4VE0Ge— Ivan Skorin (@IvanSkorin) August 21, 2018
На новинарката веднаш ѝ пришол полицаец, кој побарал од неа лична карта и ја одвел внатре во зградата. Набргу по тоа, таа била однесена во полициска станица.
Čišćenje prosvjednih fekalija pred @VladaRH upravo u tijeku. #n1info pic.twitter.com/oEYsYARY2U
— Ivan Skorin (@IvanSkorin) August 21, 2018
Новинарката Анзуловиќ слична акција извела на 8 август кога канта со измет од куче фрлила пред влезот на зградата на државното обвинителство поради што добила прекршочна пријава. На тој начин, како што навела, изразила револт поради недостигот од борба против криминалот и корупцијата во Хрватска, а по повод пресудата во арбитражниот спор пред Меѓународниот центар за решавање спорови во Вашингтон, кој Хрватска го изгубила од тужителот Ѓуре Гавриловиќ.
„Ќе го залеам со измет секој што во новинарските објави аргументирано е докажан како криминалец“, напишала Анзуловиќ на „Фејсбук“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ
Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала утрово во 05:38 часот е регистриран во Хрватска, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Според информациите од Европскиот медитерански сеизмолошки центар, земјотресот бил на 92 километри јужно од главниот град Загреб и на 14 километри од границата со Босна и Херцеговина, кај Тржачка Раштела.
Земјотресот бил на длабочина од 10 километри.
Земјотресот најмногу бил почувствуван во централна Хрватска и во дел од Босна и Херцеговина со интензитет од V-VI степени според Европската макросеизмичка скала.
Засега нема извештаи за повредени лица или за предизвикана материјална штета.
Регион
На таткото на момчето убиец од Србија му е продолжен притворот за уште 60 дена, има сомнение дека може да го повтори делото
Вишиот суд во Белград му го продолжи притворот за уште 60 дена на Владимир Кечмановиќ, таткото на момчето кое на 3 мај уби девет негови врсници и чувар во ОУ „Владислав Рибникар“.
На Владимир Кецмановиќ му е продолжен притворот поради сомнение дека доколку биде пуштен на слобода за краток временски период ќе го повтори кривичното дело, како и поради тоа што постои основано сомнение дека сторил кривично дело за кое е пропишана затворска казна над десет години, а начинот на извршување и сериозноста на последиците од кривичното дело доведоа до вознемиреност кај јавноста што може да го загрози непреченото и правично водење на кривичната постапка, соопштија од тој суд.
Во обвинението за тешко кривично дело против општата безбедност се товари Владимир К., а за сторено кривично дело недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи, мајката на момчето Миљана К.
Регион
„Мислев дека регалот ќе падне врз мене“ – жена од Србија сведочи за силниот земјотрес
Земјотресот беше многу силен. Кратко, но силно, вели вознемирената Мила Петровиќ од Кладово – место кое утрово го погоди силен земјотрес.
Како што опишува преплашената жена, земјотресот ја исплашил и неа, но и останатите жители на Кладово.
„Мислев дека регалот ќе падне врз мене. Немаше време за бегство никаде. Сè се тресеше многу. За среќа, тоа беше кратко. Кога се смири, сите излегоа на улица“, раскажува таа за Телеграф.рс.
Земјотресот бил со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала, на длабочина од 11 километри.
Колку бил силен, сведочи и фактот што бил почувствуван во Заечар, Неготин, Доњи Милановац, Бор и други градови на истокот на Србија, а некои граѓани го почувствувале и во Ниш.
„Почувствував земјотрес, се тресеше мебелот во куќата“, „Бев во кревет кога почна тресењето“, напишаа граѓаните.