Македонија
За еден ден казна за 51 возач поради брзо возење во Скопје
Во текот на изминатиoт ден на подрачјето на Скопје се случиле 11 сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, четири со телесни повреди и шест со материјална штета.
При сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди и четири со лесни телесни повреди. 51 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така, исклучени се и 13 возачи бидејќи седум го управувале возилото пред да се стекнат со право за управување на моторно возило, четири биле возачи почетници и двајца го управувале возилото под дејство на алкохол.
Десет возила се исклучени од сообраќај бидејќи девет биле нерегистрирани и едно технички неисправно. Санкционирани се и двајца возачи кои поминале крстосница на црвено светло, еден не дал првенство на минување на пешаци, четрворица непавилно престигнувале и 11 не користеле заштитен шлем. Во однос на пешаците санкциониран е еден пешак кој поминал коловоз надвор од пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 58 мандатни платни налози, додека, исто така, 48 возила се подигнати со “Пајак”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

