Спорт
Реал Мадрид е најпопуларниот клуб на светот
Реал Мадрид не за џабе е „кралски клуб“. Последното истражување на компанијата ЈД, вели дека „Лос бланкос“ беа најбаран клуб на Гугл во 2018 година, а мапите кои ги покажаа се „поразувачки“ за сите европски и светски ривали.
По четири титули од ЛШ во п…
Реал Мадрид не џабе е „кралски клуб“. Последното истражување на компанијата ЈД вели дека Лос бланкос бил најбаран клуб на „Гугл“ во 2018 година, а мапите што ги покажа се поразувачки за сите европски и светски ривали.
По четири титули од ЛШ во последните пет години, мадридистите се најбаран клуб во 97 земји на светот, пред неколку англиски клубови (Арсенал, Манчестер јунајтед и Ливерпул) и Барселона.
Реал Мадрид во Европа е водечки клуб во Швајцарија, Хрватска, Русија, Србија, Романија, Литванија, но и во Македонија, а популарноста е проширена и во САД и Канада, додека големите нации од Јужна Америка остануваат со своите клубови (Ривер Плата во Аргентина и Фламенго во Бразил), а малите се за Реал (Колумбија, Перу, Чиле, Боливија и Парагвај).
Реал исто така доминира во речиси цела Азија и во Северна Африка, а во Јужна Африка најпопуларен е Манчестер јунајтед.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Вредеше 63 милиони евра и играше за Реал, сега никој не го сака ни бесплатно
Лука Јовиќ (27) оваа сезона три пати играше за Милан во Серија А, поточно на теренот мина само 78 минути. Српскиот центарфор не е во плановите на новиот тренер Серж Консеисао. Сличен статус Јовиќ имаше и кај претходниот тренер Паоло Фонсека.
Милан е подготвен да го пушти без обештетување за да заштеди на неговата плата. Јовиќ има договор до крајот на сезоната и во следните шест месеци ќе заработи милион и пол евра. Тој за 500 илјади евра пристигна во Милан од Фиорентина во септември 2023 година. Постигна девет гола и еднаш асистираше во 33 натпревари за Росонерите.
Јовиќ беше хит напаѓач во 2019 година, кога од Ајнтрахт Франкфурт се пресели во Реал Мадрид за 63 милиони евра. Во Реал крај Карим Бензема не доби вистинска шанса, па многумина сметаат дека Јовиќ е најлошото засилување во историјата на клубот.
За Реал одигра 51 натпревар, постигна пет гола и забележа исто толку асистенции.
Спорт
(Видео) Морент го немаше никаде па во последната минута ја реши Минесота
На денот кога лошото време го преполови распоредот на НБА и одложи три натпревари, највозбудлив беше мечот меѓу Минесота Тимбервулвс и Мемфис Гризлис, во кој гостите победија со 127:125 благодарение на неверојатниот Џа Морант.
Натпреварот во Минеаполис беше неизвесен од почетокот до последната секунда, тимовите 25 пати се менуваа во водствот.
Џа Морант имаше скромна вечер и заврши со само 12 поени, а до последната минута погоди само три од 17 шута, но во финишот одигра спектакуларно.
Прво израмни на 125:125 на 54 секунди до крајот, а во последниот напад на Гризлис погоди од слична ситуација на 18 секунди до крајот. Ентони Едвардс имаше две прилики за три поени да им донесе победа на Вулвс, но не успеа да погоди.
Џарен Џексон Јуниор ги предводеше Гризлис со 33 поени и осум скока и Дезмонд Бејн со 21 поен. Покрај Џексон и Бејн уште петмина играчи на Мемфис постигнаа двоцифрен број на поени.
На спротивната страна Ентони Едвардс имаше подеднакво лош ден како и Морант со само 15 поени и 4/13 шут. Најдобриот меч во Минесота, по трејдот со Њујорк, го одигра Донте Дивиченцо (27 поени, 10 скока и седум асистенции).
Со оваа победа Гризлис се зацврстија на третото место на Западот со скор 25-14, додека Минесота, откако ја прекина серијата од три победи, падна на 20-18 на осмото место на Западот.
Синоќа се одиграа само четири од седумте предвидени натпревари бидејќи во Лос Анџелес беа одложени натпреварите Лејкерс-Сан Антонио и Клиперс-Шарлот поради катастрофалените пожари, а натпреварот Атланта Хокс-Хјустон Рокетс беше одложен поради мразот во Атланта.
Спорт
Невремето направи хаос на Австралија опен
Првиот ден на Австралија опен не започна според желбите на организаторите, бидејќи по само еден час игра започна да врвне дожд.
Невремето пропратено со грмежи никого не остави рамнодушен.
Сите мечеви беа веднаш прекинати, а само оние кои се играа на трите најголеми стадиони: Род Лејвер Арена, Маргарет Корт Арена и Џон Кејн Арена се играат според распоредот.
Во недела, првиот ден на АО, врнежи се прогнозираат во текот на целиот ден, па останува да се види како ќе се развива ситуацијата, но има одредени шанси повеќе да не се играат натпревари освен на споменатите терени кои имаат покрив до крајот на денот.