Македонија
Синдикатот на клинички реагира на покачувањето на платата за само 5 отсто
Синдикатот на клинички центри ја поддржува одлуката на Владата за покачување на вредноста на бодот за најниската плата за најнизок степен на сложеност од 13 286 денари со исплата на септемвриската плата и ја прифаќа исклучиво како таква.
За Синдикатот на клинички центри е неприфатливо покачување на основната плата во здравството од 5% за 2018 година, кое доколку така е планирано од Владата би било единствено покачување на основната плата на здравствените работници во периодот од 2017 година до крајот на 2018 година.
За Синдикатот на клинички центри не се прифатливи и пресметки кои вклучуваат додатоци на плата какви што се дежурствата во толкување на остварување на програмата на Владата 2017-2020 година која се однесува исклучиво на покачување на основната плата.
,,Со покачување од 5% сегашната основна плата на доктор специјалист од терциерно здравство од 38 827 денари би изнесувала 40 767 денари, односно истата би се зголемила за 1940 денари, а за медицинска сестра со средна стручна спрема со сегашна основна плата од 18 027 денари би изнесувала 18.927 денари, односно истата би се зголемила за 900 денари. За да се оствари програмата на Владата 2017-2020 година за ‘двојно зголемување на основните плати на сите здравствени работници и платите на докторите специјалисти во терциерното здравство кои скалесто ќе се зголемуваат и ќе изнесуваат минимум 100000 денари, односно 1 600 евра до 2020 година’, во наредните две години основната плата на доктор специјалист од терциерно здравство би требало да се покачи за 146%, а на медицинска сестра со средна стручна спрема 91%. Со оваа динамика и вакво ‘скалесто покачување’ останува нејасно како ќе се спроведе оваа програма на Владата н која Синдикатот на клинички центри во областа на здравството во целост ја поддржува”, се вели во реакцијата на Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници и други јавни здравствени установи во Република Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Министерството за здравство ги разгледува можностите и капацитетите за поддршка на Швајцарија за згрижување на повредените од трагичниот пожар
Министерството за здравство ги разгледува можностите и расположливите капацитети за да ѝ обезбеди соодветна поддршка на Швајцарија во делот на медицинското згрижување на повредените од трагичниот пожар во Кран-Монтана, соопштија од таму.
„Во таа насока, Министерството за здравство веќе постапува во координација со Дирекцијата за заштита и спасување на РСМ, а преку Координативниот центар на ЕУ за одговор на итни случаи (EU ERCC) воспоставен е канал на комуникација и со здравствените власти во Швајцарија.
Воедно, Министерството за здравство изразува искрено сочувство до семејствата на настраданите и најдлабока солидарност со повредените од овој трагичен настан“.
Македонија
Понудена помош за справување со трагичната несреќа: телефонски разговор на Муцунски со швајцарскиот амбасадор Зомер
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, по трагичната несреќа во бар во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, по која беше активиран европскиот механизам за цивилна заштита, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, по остварена консултација со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, и министерот за здравство, Азир Алиу попладнево оствари телефонски разговор со швајцарскиот амбасадор во земјава, Кристоф Зомер.
Во рамки на разговорот, Муцунски изрази искрено и длабоко сочувство до семејствата на загинатите, како и до народот на Швајцарија, упатувајќи желби за брзо и успешно закрепнување на повредените.
Во таа насока, министерот ја изрази подготвеноста на Република Северна Македонија да прифати повредени пациенти, како и да обезбеди соодветна медицинска поддршка во домашните здравствени установи.
Дополнително, министерот изрази подготвеност, доколку има потреба, македонски лекари – специјалисти, кои беа директно вклучени во лекувањето на пациентите по трагедијата во Кочани, веднаш да заминат во Швајцарија и да се вклучат во процесот на лекување на повредените.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан“
Секторот за внатрешни работи информира дека во моментов, повторно е воспоставен нормален сообраќај на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан“.
Сообраќајот, сега е нормализиран и се одвива во двете насоки а беше затворен и во целосен прекин, од 30.12.2025 година, поради превртена цистерна на патот.
Од тогаш, сите надлежни служби излегоа на местото на настанот и активно отпочнаа со мерки за утврдување на причините за незгодата и дислокација на превртената цистерна од коловозот.

