Контакт

Вести

Најмалку 4 загинати во судар на автобуси во Сиетл

Објавено пред

Два автобуса, од кои еден туристички, се судрија на мост американскиот град Сиетл, а во несреќата загинале четири лица и други 52 се повредени, од кои деветмина се во критична состојба, а се претпоставува дека повеќето се студенти.

dobivaj vesti na viber

Несреќата се случила која автобусот-амфибија, кој може да се трансформира од автобус во бротче, во сопственост на популарниот американски туристички оператор „Ride the Ducks“ се судрил во линискиот автобус на транспортерот „BellAir“, со кој се превезувале студенти од локалниот колеџ Северен Сиетл, на мостот „Аврора“ во Сиетл, во сојузната држава Вашингтон.

Претставници на колеџот потврдиле за локалната телевизиска станица KOMONews дека во автобусот имало најмалку 45 странски студенти и професори.

Шефот на градската пожарникарска служба потврдил дека четири лица се загинати во несреќата на мостот, кој е затворен за сообраќај. Додал дека интервенирале 90 пожарникари.

„Педесет лица се евакуирана по несреќата“, изјавила за телевизијата CNN портпаролката на пожарникарската служба на Сиетл, која прецизирала дека екипите на брзата помош се уште на местото на несреќата каде што пружаат помош на полесно повредените, откако биле евакуирани најитните случаи./

Засега не се познати причините за несреќата. Портпаролката додала дека уште две возила покрај двата автобуса учествувале во сударот./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Почувствуван земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Свет12 часа

(Видео) Необичен триаголен авион снимен во Кина, за што станува збор

Во последните денови, глобалната воздухопловна заедница, како и одговорните за безбедноста, беа изненадени од видеата од кинеската провинција Ченгду. На...

Регион13 часа

Експерти: Настрешницата во Нови Сад била 23 тони потешка од дозволеното

Конструкцијата на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, која се урна на 1 ноември и усмрти 15 лица, била...

Регион13 часа

(Видео) Пожар на главната железничка станица во Софија: најмалку 4 лица загинаа,

Најмалку четири лица го загубија животот во пожар што рано утринава избувна во вагон на Главната железничка станица во Софија....

Македонија13 часа

Неработни денови за 2025 година

Во согласност со Законот за празниците на Република Македонија („Службен весник на РМ“ број 21/98 и 18/07) во 2025 година...

Регион14 часа

Тешка сообраќајна несреќа во Србија, едномесечни близнаци се борат за живот

Во тешка сообраќајна несреќа кај Нови Сад тешко се повредени две едномесечни близначиња, а српски Телеграф пишува дека во болница...

Македонија14 часа

Помилувања од претседателката Сиљановска-Давкова по повод новогодишните празници

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод новогодишните празници донесе одлука за помилување на 7 осудени лица, од кои 1 потполно, а...

Свет14 часа

(Видео) Сиднеј со спектакуларен огномет влезе во 2025 година

Во Сиднеј со спектакулаен огномет почна 2025 година. Happy New Year 2025 from Sydney, Australiapic.twitter.com/IYLD7RZDmU — Massimo (@Rainmaker1973) December 31,...

Забава16 часа

Јадете умерено и не пазарете импулсивно – препораки за правилна исхрана за време на празничните денови

Можеби во празнична атмосфера, забавите, патувањата исполнети со вкусни и примамливи намирници и пијалаци не е лесно да се придржуваме...

Македонија16 часа

МВР распиша меѓународна потерница по ексдиректорот на ЕСМ, Васко Ковачевски

Министерството за внатрешни работи ја објави меѓународната потерница за поранешниот директор на државната компанија „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ), Васко...

Македонија18 часа

(Видео) Мицкоски: Владата ќе му префрли 120 милиони денари на ЈСП, бесплатен јавен превоз за студентите ќе има

Премиерот Христијан Мицкоски потсети дека во изминатите неколку недели актуелна беше темата за јавниот бесплатен превоз на студентите. „Имајќи ја...

Македонија20 часа

Сиљановска-Давкова: Како нација имаме право да го покажеме пред светот нашето вистинско лице

Во годинава што изминува бевме сведоци на многу порази и падови, но и на успеси, хуманост, меѓусебна помош и поддршка....

Скопје21 час

Бесплатен паркинг во Центар за новогодишните и божиќните празници

Паркирањето во Општина Центар за време на новогодишните и божиќни празници ќе биде без наплата за сите граѓани. Согласно Одлуката...

Свет21 час

Шест лица ранети во престрелка во Њујорк, меѓу кои и 12-годишно девојче

Шест лица се ранети во пукање во продавница во Њујорк, меѓу кои и 12-годишно девојче и нејзината мајка, соопшти денеска...

Македонија21 час

ДУИ: Првиот премиер Албанец во Северна Македонија е момент што ја одбележа 2024 година

„Додека стоиме на прагот на новата година, важно е да размислиме за патувањето низ 2024 година — година што започна...

Македонија22 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Со Груби, Деспотовски и Ковачевски милиони се испумпани од државата

„СДС и ДУИ оставија криминал и пустош, ВМРО-ДПМНЕ го рехабилитира системот и владеењето на правото. Изминатиов период на виделина излегоа...

Свет22 часа

Полска утре го презема претседавањето со Советот на ЕУ

Полска утре од Унгарија ќе го преземе шестмесечното претседавање со Советот на ЕУ, при што, како што е најавено, ќе...

Топ23 часа

29-годишен Кумановец држел големо количество забрането оружје во канал кај Арачиново

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 29-годишен жител на Куманово, кој заедно со други засега...

Свет23 часа

Сеул: Северна Кореја гради фрегата тешка 4.000 тони како надградба за нуклеарен арсенал

Северна Кореја започна со изградба на фрегата тешка 4.000 тони опремена со вертикален систем за лансирање како дел од надградбата...

Свет23 часа

Ким Џонг-ун: 2025 година ќе биде година на голема победа за руската армија и народ

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун денеска во својата новогодишна честитка до рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Северна Кореја е...