Спорт
Српската репрезентација контра супер менаџерот Фаљи Рамадани
Одлуката на српскиот селектор, Милан Крстајиќ да го изостави капитенот на Кристал палас, Лука Миливоевиќ од списокот за натпреварите од Купот на нациите, според српските медиуми претставува „пресметка“ со албанскиот менаџер со потекло од Македонија, Фа…
Одлуката на српскиот селектор, Милан Крстаиќ, да го изостави капитенот на Кристал палас, Лука Миливоевиќ, од списокот за натпреварите од Купот на нациите, според српските медиуми, претставува пресметка со албанскиот менаџер по потекло од Македонија, Фаљи Рамадани.
Новите репрезентативци Предраг Рајковиќ (голман) и Саша Лукиќ (играч од средниот ред) за српските медиуми изјавија дека претходно им било нудено да бидат дел од репрезентацијата, но само ако ги застапува Рамадани.
„Не ми е пријатно да зборувам за тоа, но мене со посредство на еден репрезентативец ми беше нудено да прејдам кај Рамадани и дека така ќе имам гарантирано место за Светското првенство. Не го прифатив тоа“, изјави Рајковиќ, кој брани во Макаби Тел Авив, за српски „Телеграф“.
Слична изјава даде и Лукиќ.
„Ми беше кажано да не се грижам за место во репрезентацијата ако потпишам за Рамадани, но не го направив тоа“, изјави Лукиќ.
Фаљи Рамадани – тетовецот што владее во српскиот и хрватскиот фудбал
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Баркли: Јокиќ е најдобриот странец на сите времиња во НБА
Легендата на НБА, Чарлс Баркли многу го почитува центарот на Денвер, Никола Јокиќ.
И додека се очекува српскиот кошаркар по третпат наскоро да биде прогласен за МВП во НБА караванот, Баркли го пофали Јокиќ како гостин во подкастот на Шенон Шарп.
Долго време се сметаше дека Германецот Дирк Новицки е најдобар странец во НБА, но Баркли мисли поинаку.
„До доаѓањето на Јокиќ, Дирк беше најдобриот странец во историјата на НБА“, вели Баркли.
Инаку, Новицки, кој доживеа ѕвездени моменти со Далас, има по една титула и едно МВП признание.
Спорт
Васкес ќе го продолжи договорот со Реал
Реал Мадрид речиси сигурно ќе го продолжи договорот со Лукас Васкез.
Реал ги прекина преговорите за нови договори до крајот на сезоната, бидејќи се очекува тимот да играа во финалето на Лигата на шампионите. Тимот оваа сезона ја освои титулата во Примера и игра во полуфиналето на Лигата на шампионите.
На многу играчи им истекуваат договори на крајот од сезоната и тренерот Карло Анчелоти треба да донесе одлука за составот за следната сезона, а како што пренесоа денеска шпанските медиуми, тренерот сака Васкез да остане уште една година.
Фудбалерот и управата сакаат соработката да продолжи, а Васкез се истакна со своите настапи во претходните недели.
Васкез ќе наполни 33 години во јули и е подготвен за 10-та сезона во Реал Мадрид, а двете страни се блиску до договор.
Се очекува Начо Фернандез и Лука Модриќ да го напуштат Сантијаго Бернабеу.
Спорт
Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер ќе отсуствува три недели поради повреда на мускулот.
Мегваер се повреди на тренинг, има шанса да игра во финалето на ФА Купот, а како што денеска објави „Скај Спортс“, се очекува да биде подготвен за Европското првенство.
Финалето на ФА Купот меѓу бранителот на титулата Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед ќе се одигра на 25 мај во Лондон.
Европското првенство е закажано од 14 јуни до 14 јули во Германија.
Тренерот на Јунајтед, Ерик тен Хаг има големи проблеми во последната линија на тимот, бидејќи се повредени Рафаел Варан, Лисандро Мартинес и Виктор Линделоф.
Дефанзивецот Џони Еванс се врати на тренинзите но неизвесно е дали ќе биде во составот за натпреварот вечерашниот напревар Кристал Палас.